Писма на читатели со додадена вредност

Во името на нашите родители што веслаа за да не се удавиме...
 

За да не бидам единствениот што не весла, почекав да заврши оваа наша епизода од нашето влегување во ЕУ (датум за датум, крај за бескрај и сл).

Кога насекаде почна да се слуша „За татковината НАПРЕД!!!“ и слично, решив и јас да помомогнам колу што можам. Читам дека веќе се работи на опции како Македонија да застане на своите нозе и да ја донесе ЕУ овде пред ние да стигнеме таму. Еве за почеток, сакам да ги мотивирам умовите од „Мој ДДВ“ пред некоја темна дестибиличка сила со злобна намера да го пополни вакумот створен од грешките на ЕУ.

Пишувам во името на шест лица со легални приходи.

Со сопругата живееме посебно од нашите родители, во три различни домаќинства. Родителите ни се пензионери кои легитимно не се регистрирани во системот на УЈП. Единствено јас ги скенирам сметките за трошоците што ги прават шест лица со легални приходи. Четворицата пензионери не користат смартфон, а сопругата не верува во целиот концепт. Јас скенирам затоа што тоа е легитимно и не гледам вистинска причина зошто би се откажал од моите легални приходи. Но, четворицата пензионери кои не се пријавени во системот на УЈП се лишени од  своето право на поврток на процент од ДДВ. Немаат право за повраток затоа што не се пријавени.

Четворицата пензионери ми ги даваат нивните фискални сметки за да ги скенирам, вклучително и сопругата. Јас легално можам да скенирам сметки за шест луѓе. Имам доказ за потеклото на парите. Но системот е ограничен на некакви пресметани приходи по лице и има лимит по лице што скенира.

Затоа, имам неколку дополнителни прашања:
1. Зошто пензионерите кои не се во системот на УЈП несмеат да ги пренесат своите права за поврат на ДДВ на други лица?
2. Зошто тие лица се натерани/приморани да се регистрираат кога се ослободени од таа обврска по закон?
3. Зошто се бара тие лица да се стручни да користат смартфон за да ги искористат своите законски права?
4. Зошто дел од овие лица кои што не можат да го совладаат работењето со смартфон се задолжени да најдат јавни автомати каде се скенираат сметките за да си го добијат својот поврат од ДДВ?
5. Дали овие лица (пензионери во одминати година на старост) се животното осигурани од страна на државата за својот пат до своите пари?
6. Зошто има временски лимит на скандирањето на фискалните сметки за овие лица?
7. Дали после сè што е наведено погоре, најавата за некаква наградна игра со скенирање сметки е вистинскиото решение за да заживее овој систем?
8. Според она што јас го прочитав, 7500 денари е максимумот по лице, годишно (надлежните институции нека одгорат), ако грешам, извинете. Но ако е така, за две лица во домаќинство на пензионери  14.000 денари е значајна сума (кога се бира дали ќе се грееат на дрва или на струја, дали ќе си ја дозволат терапијата која се плаќа приватно, можеби и мермерна надградбна плоча, и сл).
9. Каде ќе завршат нивните пари кога тие се толку ограничени за да си ги повратат своите пари?
10. Дали е тоа едно од решенијата на  проблемите за „Едно општество за сите“?

Во името на нашите родители што веслаа за да не се удавиме...
Јане Крстески

20 октомври 2019 - 11:40