Здраво Трендо,
Редовно и со мерак ве читам, и констатирав дека генерално земено се слагаме. Веројатно и затоа бев изненадена кога видов статија шо почнува со цитат на Ерик Земур (тука).
Таман е, статијата е превод, и сфаќам во кој контекст е пренесен цитатот, ама сепак имам проблем со него. Земур е многу медијатизиран француски новинар шо симпатизира со ектремната десница во Франција (Ле Пен и компани), и има тешки националистички ставови. Кога Французин го чита/слуша него, знае со кој си има работа и ништо не си сфаќа здраво за готово. Ама со оглед на тоа дека цитатот е пренесен каков е, без информација за тоа дека авторот е една мала искомплексирана расистичка гнида, можно е некој да си го сфане како апсолутна вистина.
Па ако може некој француски спијалист да вика дека тоа арапите во Белгија треба да се бомбардират, ќе си земат за право и нашите "патриоти" да објаснуват дека тоа циганаријата на Бела Ема/шиптараната у Тетово/арапите на граница треба да се истребат. Најверојатно мојот страв дека ваквите цитати шират омраза е претеран, и можеби ваа интервенција не беше потребна. Ама по тоа што до сега сум читала на офф.нет добив впечаток дека пренесувате порака со која не се слагате.
Поздрав,
Мeнка