На Украинецот Владимир Кличко му беа потребни само четири рунди за да го нокаутира предизвикувачот Жан-Марк Мормек од Франција на борбата во Дизелдорф.
Кличко уште во втората рунда го испрати „францускиот Тајсон“ на подот, а потоа и во финишот на третата рунда, но Мормек успеваше да стане и да се врати во борбата. Сепак тоа не му успеа и во четвртата рунда кога беше срушен со лево кроше.
За Владимир Кличко ова беше 15. победа во серија, а вкупно 57. во кариерата од кои 50 ги има извојувано со нокаут. Во својата кариера Кличко има претрпено и три порази.