Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер на моменти почнал да се освестува од вештачката кома во која се наоѓа од 29 декември, по тешката несреќа додека скијаше на Алпите.
„Михаел почна да напредува и на моменти покажува знаци дека е свесен. Сите се молиме за него и се надеваме дека ќе се разбуди. Им благодариме на сите за поддршката и ве молиме да имате разбирање затоа што нема да објавуваме повеќе детали. Тоа го правиме во корист на неговата приватност и неговото семејство“, изјави неговата портпаролка Забине Кем.
Во изминатиов период се појавија разни шпекулации околу тешката здравствена состојба на Шумахер, а ова е првата оптимистичка најава за негово можно подобрување.