Игрет шах Мујо и кучето. Идат Хасо, и му викат: Оооо Мујо, шах играш со кучево, сигурно е многу паметно. Мујо: Шо бе паметно, 3-2 го водам. Now let's get down to business - Candidates Tournament (во понатамошниот текст CT) е турнир кој се одржвит во март на кој игрет најдобрите седум шахисти според резултатите од прошлата година, плус една валјдкарта од организаторот во соработка со FIDE (да нема забуни со супата на Подравка - Fédération Internationale Des Échecs). Шампионот одмарат за ноември, кога и ја бранит титулата против победникот на CT.
Е сеа, чим сме начисто (вервам дека све ви е јасно ко ден), мал рикеп на турнирот. Вишванатан Ананд, Веселин Топалов, Аниш Гири, Левон Арониан, Сергеј Карјакин, Питер Свидлер, Хикару Накамура и Фабиано Каруана се осумте јунаци кои во Москва од 11-28 март се бореа за меч против Магнус Карлсен (светскиот шампион во шах, иако знаевте, да појаснам) во ноември во Њујорк. Четиринаесет кола, систем домашни-гости (бели-црни фигури), секој против секого по два пати. Во првата полусезона, на табелата на CT се издвоија Русинот Карјакин (најмлад велемајстор во историјата на 12 години и 7 месеци) и Ерменецот Арониан (вајлдкартата на турнирот, исто ко Иванишевиќ во тенис само попаметен, со поголема глава и со цвикери). Старите волци Ананд, со фризура ко скроз одличен и Топалов, познат по цмиздрење после пораз, со потпросечен учинок.
Ананд колку толку се држеше во првите седум кола, а Топалов е тука за другите да билдаат гол разлика. За издвојување е шестото коло (немаше тепачки, хулигани, мажоретки и огномети, ама сепак) - Накамура при притисок на времето (помалце од три минути на часовникот) напрај почетничка грешка и го допре кралот, што автоматски според правилата значит дека морат да изиграт потег со таа фигура, а во таа ситуација тоа значеше и пораз против Арониан. Проба да се извади со "j'adoube" (I adjust) правилото, ама не му помина. („J'adoube“ е фразата која се користит кога сакаш да поместиш фигура што немаш намера да ја играш, со цел подобро да ја наместиш на соодветното поле. Морат да се најавит однапред кај судија)
Вториот дел од турнирот го обележаја Топалов како најголемо разочарување на турнирот (уште по семки и кикири да го пуштеа и ќе беше убедливо најгреота чоек) и Ананд, Карјакин и Каруана со конзистентна и смела игра што им донесе и резултати. Иако Ананд во последното коло влезе без шанси за титулата на CT, имаше теорија да му ги замрсит сметките на Русинот. Карјакин и Каруана играја меѓусебе, а Свидлер со бели фигури го пречека Ананд. При реми на првиот меч и реми или пораз на Ананд, Карјакин е шампион, а при реми на првиот меч и победа на Ананд против Свидлер, тројцата завршуваат со исто бодови и според правилата за мини-табела, Каруана е шампион. Свидлер секако би играл максимално посветено во овој случај за Карјакин да освојт. For Mother Russia, афкорс. Сепак целата оваа теорија падна во вода затоа што прво Ананд ремизираше брзо со Свидлер, а Карјакин докажа дека е апсолутен победник на CT со победа над Каруана, каде Италијанецот со американски пасош покажа бледа игра и апсолутно нула желба да победи во мечот. Така Карјакин стана првиот Русин што ќе има шанса да ја врати шаховската титула во рацете на најпознатата шаховска нација после Крамник (пораз од Ананд во 2008ма).
После потрошени просечно пет саати дневно на гледање лајв стрим (да, и то постојт), и гледање видео анализа на Match of the day (нешто ко емисијата шо одеше на МРТВ пред 20 години), можам искрено да кажам дека едвај чекам да дојт ноември и мечот за титула. Карлсен и Карјакин си имаат историја на ривалство иако се доста млади. Најсвеж пример е FIDE World Blitz Championship 2015 кога Карјакин му ја одзеде титулата на Карлсен.
П.С. Шахот не е во листата на 100 најпопуларни светски спортови. Карлинг е на 54то место, сквош на 57мо, пикадо на 62ро. Шахот е рангиран некаде со гледање боја кај шо се сушит.
Филип Огњан