Македонија оди на медал во Токио, Георгиевски влезе во полуфинале

Македонскиот таеквондист продолжува со извонредните настапи на Олимписките игри во Токио и е на само една борба до остварување на сонот.

Само два часа откако го елиминираше Рафаел Алба од Куба, Дејан Георгиевски го совлада Сејду Гбане и се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 кг.

Македонецот денеска го победи претставникот од Брегот на слоновата коска со 9:4 во понеизвесен натпревар од осминафиналниот.

Првата рунда од борбата мина повеќе во тактично надмудрување и со помалку напади, а тоа донесе резултат без поени (0:0).

Втората рунда Георгиевски ја доби со 3:1, а драмата се случуваше кога Кубанецот израмни на 4:4.

Македонскиот претставник во одигра одлично и многу сигурно во финишот и за дваесетина секунди освои пет поени, клучни за триумф.

Во полуфиналето битката за медал ќе ја води со Кореецот Ин. 

Ја имаме последната рунда и победата на Дејан.

27 јули 2021 - 09:04