Роџер Федерер во едно бланширано издание кое беше мода во тоа време, зборува на разни теми од тоа кои му се омилени тенисери и тенисерки, омилен филм, актер, боја, храна и слично, до посериозни теми поврзани со неговата професија.
Вели дека не чита книги, ама затоа зборува одлично швајцарско – германски, стандарден германски, англиски и француски јазик, а знае и италијански и шведски.
Ова интервју е снимено во 1999-та, годината во која влегува во топ 100 тенисери во светот, а една година претходно го победува Карлос Моја на Франција опен, тенисер меѓу најдобрите 10 на АТП во тоа време.
Токму во 1998-ма година кога го совладал Моја, почнува да се натпреварува на професионално ниво. Во 2001 во четвртфиналето на Вимблдон го елиминира неговиот омилен играч Пит Сампрас, инаку број 1 во светот со седум титули на најпрестижниот турнир во светот.
Доминацијата на Вимблдон ја почнува во 2003-та. Останатото е историја.