Филипинец со две златни медали се обезбедил за цел живот - ама буквално

Одредени земји кои беа на врвот на листата со највисоки премии за своите медалисти од Олимписките Игри во Париз, даваат стотици илјади долари за атлетите кои ја прославија нивната земја. Некои како Филипини одат и понатаму во дарежливоста.

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло блесна на Олимписките Игри во Париз каде освои две златни медали и стана еден од најпознатите спортисти на Игрите. Допрва го чека уживанција во својата земја.

Карлос Јуло е втор олимписки шампион од Филипини во, верувале или не 100-годишно учество на оваа земја на Олимписките Игри. Пред него првиот историски медал за Филипини, златен го донесе кревачката на тегови Хидилин Дијаз во 2021-ва во Токио.

А Карлос Јуло сега во гимнастика, во дисциплините партер и коњ на својата земја и носи две злата и ќе добие вртоглави награди.

Пред се ќе добие трособен стан во главниот град вреден страшни 414.000 долари! Тој првично требал да добие голем двособен стан но откако го освоил и второто злато, државните власти ја ревидирале одлуката.

Покрај стан, ќе добие како награда и куќа со паркинг вредна повеќе од 100.000 долари! Го очекува и парична награда од 366.000 долари од Парламентот а ќе се збогати и од државната Спортска комисија и локалниот сервис за обложување со ваучер од вредност од 20.000 долари кои ќе може да го искористи во трговски центар во главниот град.

Добил и нов Ајфон 16 а пекара од Манила му обезбедила бесплатни колачи и разни оброци до крајот на животот. Локален познат ланец на ресторани јавно му подарил бесплатна исхрана до крајот на животот во кое било време.

Притоа локалниот стриминг сервис Вивамкс му дал бесплатна доживотна претплата а меѓу бројните награди најчудна е и бесплатната колоноскопија и гастроентролошки прегледи од 45 години (во моментов има 24) до крајот од животот.

Постои неофицијална вест дека ќе добиел и бесплатни студии на инженерство што сакал да запише.

Јудо има и две светски злата од светските првенства 2019 (партер) и 2021 (коњ), а во Токио во 2021-ва заврши четврти на коњ.

8 август 2024 - 11:11