Ѓоковиќ стана рано со петлите бидејќи го бараа на неколку интервјуа, како и на утрински програми. Се сретна со актерот Нил Патрик Харис, ѕвездата од серијата „Како ја запознав вашата мајка“, потоа со Дејвид Ојеволо и со тв ѕвездата Доктор Фил.
Интересен беше неговиот разговор со Расел Вестбрук кој игра за Оклахома. Тој пред скоро 10 години се кладел со тогашниот соиграч Никола Драговиќ за иднината на Ѓоковиќ. Српскиот кошаркар тврдел дека ќе стане најдобар тенисер во светот, а Американецот рекол дека тоа нема да се случи.
Четирикратниот учесник на НБА стар игрите не кажа колку пари му должи на Драговиќ.
Имаше и опасна серва во шоуто на Стивен Колбер.