Вујо за посебната поврзаност со Вардар и Комити

Веселин Вујовиќ во три наврати го водеше Вардар: 2006-2009, 2011-2013 и 2021-ва. Освои 3 домашни титули, 3 Купа и СЕХА лига. Но, тој во Скопје остави многу поголем белег од трофеите и створи неверојатна конекција со навивачите. Во подкастот Пресинг зборува на многу теми, меѓу кои неизбежна е темата Вардар.

Како дошла до соработката со Вардар, поради кој не би тренирал друг клуб од Македонија, соработката со Михајло Михајловски, фамозниот инцидент во Кале, 12-те минути скандирање од Комити...

Цел подкаст

3 ноември 2025 - 14:36