Македонскиот репрезентативец се повреди уште во првото полувреме на мечот против Хамбург пред два дена, а снимките во Германија покажаа дека има само истегнување на лигаментот. По денешните прегледи во Скопје, тој ни изјави дека нема да може да настапи и на двата меча против германскиот претставник кој е најпосакуван за неговиот тим.
“Пред малку ми беа извршени прегледи на коленото и за жал се работи за отшетување на менискусот и пукнатина на коската, што значи дека ќе морам да мирувам во наредните месец дена. Жал ми е што нема да можам да му помогнам на мојот тим, но се надевам дека ќе се вратам за фајнлфор“, изјави Стоилов.
Денешната ждрепка во Виена, на Вардар му го донесе најпосакуваниот противник во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а тоа на Стоилов му носи поголем оптимизам за историски пласман во Ф4 завршицата.
-Искрено се надевам на ваков исход од ждрепката, тоа го посакував, а најмногу го посакуваше и целиот тим на Вардар. Од сите можни противници, мислам дека Флензбург најмногу ни одговара. Повторно ни се падна германски тим кој се надевам дека ќе го поминеме и дека ќе се пласираме на Ф4. За разлика од нас, Металург доби многу потежок противник. Кил игра брз ракомет, а Металруг преферира побавна игра. Но јас се надевам дека Металург ќе оди понатаму и дека ќе се сретнеме во фанјлфор“, рече пикерот на Вардар, во телефонска изјава за офф.нет.