Натпреварот започна во корист на македонските ракометари кои по 6 минути игра направија водство од 5:2. Одличната реализиција од 8 одбрани на Станиќ во првиот дел, Металург не ја користеше во нападот, по што домаќините по 15 минути игра стигнаа до 6:6.
До крајот на првото полувреме се играше неизвесен ракомет гол за гол, а тоа резултираше со 10:10 на полувремето. Избраницте на Лино Червар беа невнимателни и по првите 30 минути игра имаа дури 5 исклучувања, а тоа беше проблем плус за да стигнеме до водство.
Играта во второто полувреме постојано ја диктираше шампионот на Словенија и ја одржување предноста од 2-3 гола разлика, која на 12 минути до крајот на мечот изнесуваше +4. Червар побара тајмаут, но тоа не промени ништо. Ракометарите на Горење играа подисциплинирано и поконцентрирано и постојано ја одржуваа предноста.
Иако во вториот дел проработе раката на Манасков кој постигна 5 гола, а во првиот дел само еден, тоа беше премалку да се повторни успехот од „Борис Трајковски" каде Металург славеше со 7 гола разлика. Како под притисок играше и Вугринец кој настапи пред своја публика и направи многу грешки во нападот.
Творец на триумфот за Словенците беше Марко Безјак со 7 погодоци, додека во нашиот табор најпрецизен беше Наумче Мојсојски исто така со 7 гола. При евентуална иста бодовна разлика во борбата за втората позиција, Металуг е во подобра позиција поради повисокиот триумф во Скопје.
Претпоследната пречка во првата фаза по групи во Лигата на шампионите за македонскиот првак, е гостувањете против Сант Петерзбург на 16 февруари.