Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.
Лоши вести за македонските навивачи кои веќе се обезбедени со карти и превоз за третиот меч на македонската репрезентација кој го играме во Амстердам. Домаќините не нè примаат.
За време на четвртиот меч меѓу Визардс и Сиксерс во НБА плејофот еден гледач упадна на паркет па службите го совладаа. Ова е четврти испад на навивач во плејофот а слично е и во НФЛ.
Навивачката група „Лозари“ од Кавадарци на неверојатен начин го прослави 30-от роденден на групата. Точно во 22:10 часот навивачите на Тиквеш распалија бакљи и огномети а локалната ТВ РТК го пренесе спектаклот во живо.
Во ситуација кога љубителите на фудбалот од земјава се обидуваат да направат нацрт план како би требало да изгледа нивната екскурзија во Букурешт каде ќе игра македонската репрезентација, Владата назначи координативно тело кое би ги „олеснило“ тие обиди.
Во финале кое ќе се памети уште долги години, Виљареал празнува голема победа над Манчестер Јунајтед и највреден освоен трофеј во 98-годишната историја на клубот!
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Одамна немало вака бурна сезона во шпанска Ла Лига како 2020/2021. До самиот финиш за титулата се бореа Атлетико, Реал и Барселона, па на коло до крајот во игра се само мадридските гиганти.
Во август 2020-та Израел и ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) потпишаа историски договор за целосна нормализација на односите (кои никогаш не биле нормални). Во Тел Авив слета прв комерцијален лет на компанијата Etihad и следен чекор беше соработка во спортот.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
Ова е тоа што фали едно 14 месеци во фудбалот. Крикот на навивачите кога ќе падне гол, посебно волку важен и тоа на голманот на Ливерпул во 95-та минута кој ги одржа шансите за ЛШ. Побудалеа од радост.
На 6 мај 2001-ва, навивачите на Интер ја направија најголемата будалаштина на стадион. Веројатно револтирани од слабата сезона, со сиот памет запалија скутер и го фрлија на трибина. Клубот беше казнет со 30.000 евра и две кола без публика, а за среќа никој не настрада.
Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.
На две кола до крајот на сезоната, ФК Вардар има само теоретски шанси дека ќе се спаси. Но Комити, кои со месеци бијат битки, не се загрижени за опстанокот во лигата, туку упорно бараат одговори за опстанокот на клубот, кој се чини дека никој не сака да го обезбеди.
Навивачите на шпанскиот второлигаш Рајо Ваљекано кои важат за ултра левичари и чиј регион се прославил во борбата против армијата на Франко, по мечот со Албасете кој заврши 2:2, решиле да го дезинфицираат стадионот со разни средства.
По мечот меѓу македонскиот клуб Рокдејл Сити Санс кој е основан од македонската дијаспора во Австралија и Сиднеј Јунајтед, клуб близок на хрватската заедница, хрватски навивачи жестоко нападнале македонски фанови.
По бурните протести на навивачите на Арсенал против претседателот на клубот Американецот Кроенке, денес и навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко протестираа против американскиот сопственик Глејзер.
По цели 30 години во елитната Бундеслига, Шалке 04 испаѓа во втора лига. После катастрофални резултати тимот од Гелзенкирхен заслужено се сели во понизок ранг, ама навивачите не го примија тоа добро и ги нападнаа фудбалерите кои се враќале од гостувањето кај Ариминија Билефелд (пораз 1:0).
Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.
Навивачите на Челси жестоко протестираа против Суперлигата и бараа нивниот клуб веднаш да се повлече. Излегоа на улица со димни бомби и разни пароли од кои дел беа упатени кон Роман Абрамович, а на протестите се појави и Петр Чех.