Навивачи

Сити Парк Бојс до раководството на Работнички: Искомплексирани полтрони, лажни легенди, некадарен џган

Кошаркарите на Работнички доживеаа дебакл каков што не се памети во историјата на клубот. Загубија од Феникс со неверојатни 51 поен разлика. Навивачите се бесни и излегоа со дрско соопштение, а на влезот на општина Центар закачија транспарент.

Видео од стампедото во Купот на Африкански нации, 8 мртви

Осминафиналниот натпревар во Купот на Африкански нации меѓу Камерун и Коморски Острови се одигра како ништо да не се случило, а тоа хорор со жртви и еден куп повредени.

Лудачки пречек за тимот на навивачите на Милан

Синоќа во Милано беше фудбалски празник. Ги гледаш снимките и не ти е јасно дали клупскиот автобус оди на стадион за утакмица или се враќа после освоена Лига на шампиони.

Само цар како Клоп им прави ваков ќеиф на навивачите

И покрај отсуствата на Мане и Салах кои се ангажирани во Африканскиот Куп на нации, Ливерпул повторно победи со 3 постигнати гола, овој пат на гостувањето против Кристал Палас. Почекајте ме тука момци да ја залиеме победата. 

Да си жива и здрава и да го бодриш Атлетико до 101

Тоа што кај нас е роденденска честитка, Ана од Бразил сериозно си го сфати. Издржа јуначки еден век и нешто ситно и се одјави. На колку? Па на 101 година. И тоа до последно одеше на стадион. Царица.

Црногорците го закочија сообраќајот, се слави победата над Хрватска

Важеа за аутсајдери, а стигнаа до втората групна фаза и моментално се со фантастичен скор од три победи и еден пораз од Данска. Големата победа над фаворитот Хрватска се славеше во снежна идила со знамиња, песни, колони од возила, свирежи, бакљи...Во транс се Црногорците. 

Македонските навивачи се за медал

Дебрецин треба да е среќен што се истурија стотици македонски навивачи, инаку атмосферата ќе им беше театар. Македонија ги загуби сите три натпревари, ама ги има најдобрите навивачи. Грла оставија синоќа и не ги пуштија ракометарите да одат во соблекувална. Секоја чест дечки за поддршката. Треба да учат другите.

Ракометарите на Црна Гора се рчнаа со македонските навивачи

По поразот на Македонија од Црна Гора, дел од играчите се доближија до трибината каде беа сместени нашите навивачи, па следуваа мали турканици и објаснувања кои за среќа не преминаа во поголем инцидент.

Навивачите на Арсенал згрмеа на Енфилд и ја поклопија You'll Never Walk Alone

Големото дерби Ливерпул - Арсенал од англискиот Лига Куп требаше да се игра уште минатата недела, но „црвените“ пријавија голем број позитивни случаи и мечот се одложи. После неколку дена англискиот ФА покрена истрага зошто немало баш конкретни докази дека Ливерпул нема фудбалери. Синоќа конечно го одиграа првиот меч од полуфиналето на ЛК и заврши 0:0. Туку друго ни беше муабетот.

И фалангата држи ниво

И покрај сите ограничувања како на пример 50% од капацитетот на салата, вакцини, скапи тестови, ладно време и 900 до 1.000 км пат, зависи кој од каде трга, сепак македонските навивачи се во добра бројка во Унгарија.

Смешка на колото на англиски трибини

Навивач на Манчестер Сити ја добива наградата за цар на колото. Пред мечот од ФА Купот со Свиндон Таун на гости, навивачот се симнува кон теренот и буцка еден новинар во грб. Пишувало Press па си реков да стиснам.

Македонски навивач на Интер му пиша на Бонучи

Веројатно понесен од возбудата и славјето за трофејот освоен во 121 минута, нашиов имаше порака за пренесување и за 24 март. И хаштаци му допиша царот.

Морбиден банер на навивачите на Јуве за Ањели

Познато е ривалството меѓу Интер и Јувентус, како и нивните навивачи. Имало разно разни банери, ти ваков, ти таков, ама не се сеќаваме на ваков тип на парола и тоа поставена од навивачите на Јувентус за газда Ањели, која гласи вака:

И Интер има свои Тициано Крудели во студио

По 120 минути битка, веројатно сите на полноќ синоќа се остреа за пенали меѓу Интер и Јувентус. Ама тоа задоволство за нас, а стресно за играчите го скрати Алексис Санчез со гол во последните мигови, вреден пехар за нероаѕурите во Супер Купот на Италија.

Навивачите на Венеција и Милан водеа војна на вода

На стадионот Пјерлуиџи Пенцо има опција да се стигне со брод. Навивачи на Милан се решија за таква авантура, ама наидоа на домаќините, па настана необичен судир зачинет со пиротехничко шоу. Инаку Венеција - Милан заврши 0:3.

Рокај звучките со една италијанска, Инсиње ни доаѓа во Торонто

По 12 години престој, Лоренцо Инсиње на лето го напушта Неапол и се сели во Торонто кој му спакува богат договор од пет сезони во кои ќе заработи 60 милиони евра. Да видиме какво е расположението за тоа што им доаѓа еден од најдобрите италијански напаѓачи во моментов.

Навивачка со една порака спаси живот на тренер по хокеј

Брајан Хамилтон од Ванкувер Канакс живее втор живот благодарение на стручноста, внимателноста и добрината на една навивачка. Гестот и го наградија во голем стил.

Радовишки навивач vs струмички судија, прекрасна средба

Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.

Кога на 31-ви спрема 1-ви сакаш да влезеш на стадион

1. Се работи за навивач на Рома, кој веројатно има шуплива глава.
2. Требал барем да ја спушти маската, за колку толку да се сокрие од срамот.
3. Тој што снима требал уште да снима.

Топ 10 навивачки групи за 2021

На сега веќе традиционалниот избор на најдобри навивачки изданија за годината која изминува, сајтот Ultras World прогласи Топ 10 едиции од 2021-ва. Кои од кои подобри.

Леташ 11.000 км за Премиер лига и ти ја одложуваат поради Ковид

И плус требало да биде божиќен подарок...За среќа на малиот, му се случува неочекуван пресврт.

Ултрасите на Лацио го гонат најдобриот одбранбен играч од клубот кој ги разгневи

„Сме протестирале против многу почесни играчи и витези како Кинаља, Неста, Михајловиќ. Сме оделе во тренинг базите на Рома и Лацио да истераме правда, не па со тебе неблагодарнику“.

И да не играте, ние ќе ве бодриме - тифозите на Салернитана поминале 884 километри а екипата не им дојде

Салернитана не допатува во Удине, ама дојдоа навивачите на празен стадион