Навивачи

И македонските миланисти на големо ја прославија титулата

Стотина најверни тифози на Милан од земјава, собрани во фан клубот Росонери Македонија, за време и по мечот со Сасуоло на најубав начин го прославија скудетото.

Изјавата на Златан Ибрахимовиќ со која ја распали масата

Стотици илјади навивачи на Милан ширум Италија а милиони ширум светот го прославија долго очекуваното 19. шампионско скудето. Централна фигура на целата прослава на титула беше лудиот Ибра кој многу придонесе во освојување на вредниот пехар. На крај излезе со пура и шампањ, а пред навивачите изјави:

Како Делиите ја прославија шампионската титула

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Вождовац 3-1 во последното коло од српската лига и ја освоија 33. шампионска титула во историјата, а петта последователна. Звезда заврши прва со само два бода предност над вечниот ривал Партизан.

Војната во Хрватска меѓу навивачи и полиција

Заврши и најинтересната сезона во хрватската фудбалска лига во последните десетина години. За титула сега не беше само Динамо, туку се бркаа уште три други клуба: Осијек, Ријека и Хајдук. Но на крајот „модрите“ од Загреб направија мала бодовна разлика, доволна да ја прослават 23-та титула.

Лажната тревога која направи зафрканција со цел стадион на Ливерпул

Во целата драма во последно коло во Премиер лига, Ливерпул успеа да го сврти резултатот против Вулверхемптон и да чека Астон Вила и Стивен Џерард да направат шок во Манчестер. На „Енфилд Роуд“ во еден момент додека црвените водеа, некој со алузија на мечот Сити - Вила викнал 3:3! И тоа беше доволна причина илјадници навивачи да паднат во транс мислејќи дека освоиле титула.

 

Солзи на Пеп Гвардиола, инвазија на терен и луда прослава на титула

Манчестер Сити дефинитивно царува со најдобрата лига на светот. Пеп Гвардиола освои четири шампионски титули во последните пет сезони, но мора да се признае дека последнава ќе им биде најслатка, зошто ја освоија буквално после страшен пресврт од 0-2 на 3-2 во последно коло.

Навивачка на Евертон која треба да ја тргнат од прв ред

Многу насилство во англискиот фудбал деновиве. Откако тренерот на Кристал Палас, Патрик Виера му влезе со клоца на навивач на Евертон, се појави видео на кое се гледа како навивачка на Евертон удира играч на Кристал Палас кој се срчка со Деле Али. Нападот и е очаен, ама сепак е катастрофален пример за децата, а има едно до нејзе, па уште и тоа се дрзна да замавнува.

Швајцарски навивачи направија несекојдневно шоу

Шампионот на Швајцарија, Цирих, кој убедливо со 17 бода предност е на прво место, си дозволи пораз на гостувањето кај Лугано 2:1. За време на мечот, навивачите на Цирих распалија жесток огномет од гостинската трибина. А како и не би кога шампиони станаа после цели 13 години!

Спектакл на плоштадот во Франкфурт, Ајнтрахт го донесе пехарот

На Ромерберг, централниот плоштад во Франкфурт илјадници навивачи на Ајнтрахт ги поздравија своите херои кои на клубот и градот им донесоа прв европски трофеј после цели 42 години! Прослава каква што можат да направат само најдобрите навивачи сезонава во Европа.

50.000 навивачи приредија незаборавна лудница на стадионот на Ајнтрахт

Кога ќе ги погледне човек овие сцени, да знае каде било појако да се гледа финалето од ЛЕ, кај домаќинот Севиља или кај победникот во Франкфурт. Цел стадион ги исполнија царевите за да го гледаат мечот на видео бим. Па ова е нереално.

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава се за чиста 10-ка

Одат на гостување по 10, 20, па и до 30.000, тоа не е никаков проблем, без разлика колку е далеку дестинацијата. Погледнете како се загреваа пред вечерашното финале од ЛЕ против Глазгов. Моќен хор.

Фото на денот за фудбалот и другарството

Глазгов Ренџерс во 1972-ра го освои Купот на Куповите на победниците и од тогаш нема европски трофеј. На тоа финале биле четворица другари и еве ги после долги 50 години, за жал во некомплетна екипа, повторно се вратија во Шпанија. Тогаш беа во Барселона, а сега се во Севиља.

Навивач на Рома украл дрес, а во полиција се вадел на Мурињо

Рома ќе игра европско финале по пауза од 31 година, а еуфоријата на навивачите драстично се засилува. Еден од што не можел да издржи, извршил кражба во фан шопот на клубот.

Првите тренинзи на Ѓоковиќ на 4 години

По освојувањето на Мастерсот во Рим каде стана најстар победник со 34 дена, 11 месеци и 23 дена, се појави снимка од 1991-ва од човекот кој владее 370 недели на врвот на АТП листата. Уште на 4 години знаел да држи рекет и да го удира топчето со форхенд и бекхенд.

Очај и гнев кога осма година по ред ти бега ЛШ

На специјалистот за четврто место во Премиер лига веќе му стана недостижно тоа пусто четврто место. Синоќа загубија од Њукасл, кој не се бори за ништо и во последно коло влегуваат како петти со -2 зад Тотенхем. Очајот на еден ист навивач снимен две сезони по ред. Бара да им се вратат парите на навивачи кои биле на гостување.

Надреални сцени од финалето на Купот на Бугарија

И покрај тоа што Лудогорец е апсолутен хегемон во бугарскиот фудбал и ја освои 11-та шампионска титула по ред, Левски и ЦСКА Софија се најпопуларни клубови во Бугарија. Преку 40.000 гледачи го следеа големото финале на Купот меѓу овие ривали. По скоро 20.000 на двете страни. Едните сини, другите црвени.

Навивачите на Трабзонспор уште ја слават титулата

Утврдивме дека Трабзонспор ја има најлудата прослава за освојувањето на титулата на која и се радуваат по пауза од 38 години. Сега утврдуваме дека е и најдолга. Две недели слават царевите, ама сега се префрлија на вода.

Македонските навивачи на Милан во делириум за голот на Леао

Паралелно со успешната сезона на Милан, во добра форма е и нивниот фан клуб во Македонија. За мечот против Аталанта имаа собир од кој може да видиме снимка како урлаат на голот на Леао за 1:0 против Аталанта. Уште победа над Сасуоло на гости и Милан и официјално е првак на Италија после 11 години. 

Комити: Титулата кај вас, трофејот кај нас

Во навивачкиот свет за добро познато понижување важи ако ривалот успее да ти украде знаме, што не е баш секојдневие. Викендов Комити ја славеа ракометната Куп титула против Пелистер во Кавадарци, ама имаа и акција во Чаир и успеаа да му им го украдат знамето на Шверцери кои ја слават титулата на ФК Шкупи.

Не е тапан за секој, особено не во сала

Ај што направи глупост, туку што позагрижен беше за тапанот отколку за тоа што се случи доле на паркет. Да му опнат забрана за влез на спортски настани на година дена.

Рекорд во Бизнис Лига: Лукоил цела сезона без пораз стана шампион на регуларниот дел

По 19 одиграни кола од Бизнис Лигата на Македонија заврши регуларниот дел. Бевме сведоци на сезона која беше полна со неизвесност и борбата за влез во завршниот турнир се водеше буквално до последниот натпревар.

Тифото на Интер во Рим

Копа Италија важи за ценето натпреварување кое синоќа на Олимпико го следеа 70.000 публика меѓу кои и многу вип гости меѓу кои Манчини, Липи, Тоти, Виери, Чиро Ферара, Матри...Го освои Интер по осми пат во историјата и по пауза од 11 години, со голема навивачка поддршка и прекрасна кореографија.

На Бристол му требаа 7 гола да влезе во трета лига и се случи чудо

Во англиското фудбалско подземје фудбалот е на ниво на религија. Во четвртата дивизија, позната како Лига 2 финишот од сезоната беше невозможно луд. 

Баскиско плакнење очи

Атлетик Билбао - Валенсија викендов 0:0, резултат кој може да го видите и на еден поинаков начин. Кој вика дека е лоша глетката во последен ред?