- И покрај тоа што сè уште игра во топ форма, еден од најдобрите играчи од среден ред на денешницата, одлучи по завршување на ЕП 2024 да ја заврши играчката кариера.
- Крос има 17 годишна величествена кариера во која освои вкупно 31 клупски трофеј или 10 со Баерн Минхен и уште 21 со Реал. Има 1 ЛШ со германскиот и 4 со шпанскиот гигант, бројка која на 1 јуни може да ја зголеми на вкупно 6.
- Една година играше и како позајмен играч во Баер Леверкузен, а беше дел и од светскиот првак Германија 2014. Оваа официјална одлука значи дека финалето на Вембли ќе му биде последен клупски настап.
- Како што објави ФИФА лани во декември, најголемото Светско првенство досега има и најголем награден фонд во историјата. Вкупно 655 милиони долари ќе бидат поделени меѓу 48-те земји, а исплатите се движат од 9 до 50 милиони долари.
- Светскиот првак Шпанија заработи 50 милиони, а второпласираната Аргентина 33 милиони долари. Англија како трета ќе добие 29, а Франција 27 милиони долари.
- Најмалата награда од 9 милиони долари им следува на селекциите од 33-то до 48-мо место. Секоја федерација ќе добие по дополнителни 1,5 милиони долари за трошоците за подготовка.
- На Балканското првенство во Солун, македонската ватерполо репрезентација до 16 години одигра пет средби со гол разлика, онаа од насловот која глупо ни е да ја повториме.
- Одиме поединечно со резултатите за заборав.
- Бугарија - Македонија 21-3, Грција - Македонија 25-0, Србија - Македонија 29-1, Турција - Македонија 22-3 и Унгарија - Македонија 41:0.
- Потоп.