- ФИФА објави извештај од вкупната заработка на фудбалските менаџери која се однесува за периодот 1 јануари - 1 декември 2025.
- Изнесува 1,37 милијарди долари, 90% повеќе од минатата година. Претходниот рекорд бил 890 милиони долари, регистриран во 2023-та.
- Најголеми трошачи се англиските клубови, кои за менаџери издвоиле 375 милиони долари, а втори се германските клубови со 165 милиони долари.
- Оваа година, клупските агенти биле вклучени во вкупно 3.010 меѓународни трансфери, што е нов рекорд и зголемување од 38% во споредба со лани.
- По триумфот на Словенија 2-0 над Македонија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, словенечкиот селектор Бостјан Сезар после натпреварот зборувал подолго пред новинарите, а меѓу другото кажал:
- „Честитки до момците, но ова е само почеток. Мора да раснеме од натпревар во натпревар. Едноставно не смее да има еуфорија. Победата е добра, ја остваривме против добра екипа, но Македонија не припаѓа баш на самиот врв на светскиот фудбал“.
- Сопственикот на големата транспортна и градежна компанија ПИМК во Бугарија и еден од главните инвеститори во фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, Илијан Филипов бил застрелан во Пловдив.
- За сега информациите околу бруталното убиство се силно ограничени, пишува Спортал.бг. Криминалнистичката полиција обезбедила широк периметар околу местото на убиството и движењето по околните улици било сопрено за да се соберат докази за истрагата.
- Според првичната информација од органите на редот, бизнисменот е застрелан смртоносно во пределот на главата околу 1 часот после полноќ.
- Компанијата на Илијан Филипов била една од главните изведувачи на изградбата на новиот модерен стадион „Христо Ботев“.
- Се очекува во текот на денот бугарското МВР да излезе со детали од истрагата, верзиите за убиството и евентуални извршители.