- Договорот на Иван Ракитиќ со Хајдук истече на 1 јули, а тренерот Гонзало Гарсија во интервју за Нова ТВ, потврди за она што се шпекулираше, дека хрватскиот ас одлучил да ја заврши својата кариера, но ќе остане во клубот како помошник на новиот спортски директор, Горан Вучевиќ.
- „Тој е исклучително интелигентен, има идеи и многу добро го разбира фудбалот. Сега поминува низ тежок период бидејќи преминот од соблекувалната во костимите не е лесен. Тоа е, како што велам, темната страна на фудбалот. Но, тој ме повика и на некој начин е одговорен за фактот што сум во Хајдук“, рече Гарсија.
- 37 годишниот Ракитиќ одигра 39 натпревари за Хајдук, даде 2 гола и оствари 5 асистенции, а најмногу се прослави во Шпанија, каде освои два пати Лига Европа со Севиља, а потоа уште 13 трофеи со Барселона.
- За репрезентација одигра 106 натпревари и беше дел од тимот кој стигна до финалето на Мундијалот 2018.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.