- „Не знам зошто именување на селекторот е во центар на вниманието, тоа е нормално. Секаде се менуваат селектори. Не беше планирано, разговаравме и за продолжување на договорот, но дојде тој последен период и резултатот во Кардиф.
- Боби на голем дел од овие репрезентативци им беше селектор и во младата селекција, со некои од нив работи десет години. Поради тоа одлучивме дека е време за нова енергија. Милевски имаше одлични резултати, имаше и лоши резултати, секогаш е така. Тој секогаш беше максимално коректен и скромен.
- Сметавме дека со една нова енергија ќе имаме повеќе шанси во баражот, дали тоа е правилен избор ќе видиме, никогаш тука нема правило, нема гаранција во спортот“, вели првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ во новогодишно интервју за Јутјуб каналот на федерацијата.
- Светската фудбалска куќа ги потврди кандидатурите на тројца кандидати за претседателските избори: актуелниот претседател Џани Инфантино, претседателот на фудбалската федерација на Франција Филип Диало и првиот човек на фудбалската федерација на Јапонија Козо Ташима, соопшти ФИФА.
- На Поранешниот одбранбен фудбалер на швајцарската фудбалска репрезентација Рамон Вега кој минатиот месец изјавил дека ќе се кандидира, не му е потврдена кандидатурата од ФИФА.
- Изборите во ФИФА ќе се одржат во март 2027-ма година и ќе бидат први на кои Џани Инфантино ќе ќе има противкандидати откако во 2023-та беше реизбран на функцијата.
- Швајцарецот е во потрага по четврти мандат до 2031 година што би значело дека ќе биде 15 години прв човек на ФИФА колку што е максимумот според статутот на организацијата.
- Но по контроверзните планови за продажба на правта на Светско првенство на американски компании, Инфантино ја изгуби поддршката од сите фудбалски федерации во Европа и многу ширум светот, така што тешко е за очекување дека повторно ќе биде избран.
- По тешките почетоци во Турција каде како тинејџер размислувал да се откаже од фудбалот, упорноста му овозможила да ѝ купи куќа на својата мајка во Уганда, што го смета за најголема награда во кариерата, раскажува Мато во интервју за rg.org.
- Со воодушевување зборува за поддршката што ја добивал на стадионот „Горан Пандев“ во Струмица и подоцна во Скопје. Двете години поминати во Брера Струмица и Вардар ги смета за клучни за неговиот развој како играч и личност.
- „Мојот живот во Македонија беше вистинско филмско доживување, исполнет со многу радост. Од Брера до Вардар, од Струмица до Скопје. Навистина уживав. Брера немаше многу навивачи, но луѓето ме сакаа. Ја чувствував таа поддршка и сакав да им возвратам со напорна работа и добри настапи. Убаво ми беше и во Скопје. Играв повеќе натпревари, постигнував голови и уживав во секој момент. Сè уште имам контакти со тренерите, раководството и менаџерите од Македонија“, вели Мато.
- Во македонската Прва лига одигра вкупно 59 натпревари на кои постигна 22 гола и запиша 10 асистенции, што директно му го отвори патот кон трансфер во шкотскиот Хартс, со кој летово потпиша тригодишен договор до 2029 година.