- Кошаркарите на МЗТ Скопје го совладаа Пелистер 92:83 и со вкупни 3:0 во финалната серија ги збришаа битолчани.
- Јунак на вечерта беше Војдан Стојановски кој постигна 33 поени и заслужено го доби признанието за МВП во финалето.
- Ова е четврта титула по ред за МЗТ и вкупно 10-та. Работнички води со 15, а трет е Фени Индустри со 3.
- Металците сезонава беа неприкосновени со скор од 20 победи и само 2 порази во регуларниот дел од сезоната и 7 од 7 во плејофот.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.