- Како и што се најавуваше, нов тренер на КК Партизан станува 54-годишниот Шпанец Џоан Пењарола кој до скоро ја водеше Барселона. Пењарола седнува на клупата на црно-белите наместо Жељко Обрадовиќ и Предраг Оцокољиќ кој привремено како в.д. тренер ја водеше екипата.
- Пењарола ќе добие 1-ипол годишен договор вреден околу 1,7 милиони евра. Тој ќе дебитира во петок во 18. коло од Евролига кога Партизан ќе го пречека Макаби Тел Авив од 18:00 часот.
- Пењарола во досегашната кариера ги водеше Бургос со кого два пати ја освои ФИБА Лига на шампиони, беше тренер на Валенсија, Басконија и Барселона. Тој ќе има тешка задача да ги оправи работите во Партизан кој има мизерна сезона особено на играчки план каде многу првотимци ги одбиваа задачите поставени од Жељко Обрадовиќ кому му свртеа грб.
- Најрадосен од доаѓањето на Пењарола ќе биде најскапото засилување на Партизан Џабари Паркер кој со тренерот соработуваше во Барселона. Белградскиот клуб соопшти и дека договорил договор со доскорешниот НБА плејмејкер Камерон Пејн кој ќе ја засили екипата.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.