Џејсон Кид на слободно фрлање испраќаше бакнеш со раката спрема кошот, Карл Мелоун си правеше муабет со шепкање, а Џеф Хорначек си го чешкаше или ако сакате галеше образот.
Додека неговиот чуден ритуал беше предмет на многу исмејувања, на крај излезе дека тоа е едноставно една убава порака до дома. На крајот на кариерата објасни:
„Тоа беше начин да ги поздравам моите деца и да им кажам дека ги сакам“.
„Тие секогаш бараа од мене да им мафтам додека играм. Јас не можев да го правам тоа и ете најдов друг начин како да ги поздравам. Добивав еден куп писма од цел свет со прашања, затоа и наеднаш нашата тајна веќе беше откриена“, објаснува Хорначек.
Инаку поранешниот шутер на Јута е познат по тоа што бил многу приврзан со децата и додека одел на гостувања, постојано се јавувал дома. Тој им читал приказни пред заспивања, а тие му подготвиле перница со слики од нив, која си ја носел на кое патување.
„Како што растеа, се чувствував како нешто многу да ми недостасува“.
Откако по 14 години кариера се пензионираше во 2000-та на 37 години, добил неколку понуди за да работи како тренер, но Хорначек одлучи да го прави тоа што навистина го сакаше, да биде татко со полно работно време.
Пишувал домашни задачи со нив, им готвел, а обавувал и други домашни обврски за нив.
Првата година после пензионирањето кога децата му имале 12, 10 и 6 години, тој не изгледал ниту еден натпревар.
На Дерек Фишер по повлекувањето му требале 10 дена одмор од НБА играч да стане тренер на Њујорк Никс, а на Хорначек 10 години.
Прво се согласи да работи парт тајм во Јута како тренер за шутирање, шест години после пензионирањето, а целосен ангажман прифати во 2011-та како асистент.
Хорначек беше еден од најдобрите шутери во НБА, кој настапуваше и за Феникс и Филаделфија. Често беше исмејуван дека има недостаток на атлетизам и дека никогаш не ја забива.
Децата сега му се големи. Рајан има 31 година, женет е и работи за Гугл, Тајлер има 30 и е извршен директор во Фокс Спортс, а Аби има 26 и работи како спортски репортер.
„Тој секогаш правеше да се чувствуваме дека сме му најважната работа во неговиот живот и секогаш не ставаше на прво место, па дури и сред игра, додека стоеше на линијата за слободни“, вели Аби.