Верноста на Ману Џинобили со Сан Антонио Спарс

Аргентинецот Ману Џинобили го потпиша петтиот договор по ред со Спарс, франшиза во која игра веќе 14 сезони. Следната година веројатно ќе биде последна во кариерата на фантастичниот Ману.

Со текот на годините, Аргентинецот играше различни улоги во тимот на Грег Попович. Џинобили беше од прв стрелец до шести играч на франшизата. Во својата кариера, Ману веќе освои 4 титули во НБА, а минатата сезона играше нешто повеќе од 20 минути по натпревар и постигнуваше по 10 поени во просек.
 
Новиот договор со Мамузите, Џинобили го прави еден од реките кошаркари во НБА кои повеќе од една деценија играле во една франшиза.
 
Во ерата на Тим Данкан, Сан Антонио Спар со сигурност станаа најуспешна професионална екипа во САД, кои ги оставија зад себе Мајами Хит, Њу Ингланд Патриотс, Њујорк Јенкис и Џајантс. Грег Попович се смета за идеен творец на делата на Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер, кои точно знаеа како да им ја дозираат минутажата на ветераните и од нив да го извадат максимумот.
 
Пред заминувањето во САД, Ману Џинобили неколку сезони играше во Италија, најпрвин во Реџо Калабрија, а потоа и во Виртус Болоња со која се качи на европскиот врв. На репрезентативно ниво, Ману Џинобили има серија трофеи.
 
Со Гаучосите го освои златотот на ОИ во Атина 2004. година заедно со Фабрисио Оберт, Луис Скола, Сконокини. Истата 2004. година на ОИ во Атина злато освоија и Маскерано, Тевез, Гарај, Банега и другарите.
 

 
Како Баркли здиве во студио додека го гледаше Џинобили:
 
Еве зошто е омилен кошаркар во лигата:
21 јули 2015 - 14:43