Новата НБА сезона според Реџи Милер

Легендата на Индијана Пејсерс типува дека во финале ќе играат Кливленд и Оклахома, а Кевин Дурант ако не освои титула ќе си оди. Коби Брајант ќе биде најдобар играч кој успеал да се врати по пауза поради повреда.

За време на конференцијата со интернационалните медиуми, Реџи Милер кој работи како експерт на телевизија, даде своја конкретна прогноза за НБА сезоната 2015-2016.

Финале:

„Во финале ќе играат Оклахома Сити и Кливленд, а титула ќе слават Кавалирс. Шоуто кое ќе го гледаме во финалната серија ќе биде меѓу Кевин Дурант и Кралот Џејмс. Кливленд може да стигна до таму каде што ќе ги однесе Леброн. Најбитна е неговата физичката кондиција и форма со која ќе влезе во плејофот, а исто така и неговото здравје за време на сезоната“.

Фаворити за титула:

Титулата ќе оди кај Кавалирс благодарение на проектот на тим менаџерот Дејвид Грифин и тренерот Дејвид Блет, пред се поради продолжувањето на договорот на Кевил Лав и на работата за враќање на формата на Кајри Ирвинг. Веројатно Кливленд ќе ја почне сезоната бавно поради повредите. Таа ќе зависи најмногу од Леброн Џејмс, односно колку ќе биде добар и дали ќе биде сконцентриран. Ќе биде тешко за другите екипи кој ќе треба да се соочат со добар тим и плус најдобриот кошаркар во светот. Пред се за Чикаго Булс. Ако Роуз не игра како што знае, Булси може да завршат на петто или шесто место, а ништо чудно да не се пласираат и во плејоф.

За плановите на Кевин Дурант:

Ако Оклахома победи во Западната Конференција и потоа победи и во финале и ја освои титулата, тогаш Дурант ќе остане во тимот и тука нема дилеми. Тој е концентриран и за сега во глава му е само титулата со својот тим. Но ако не успеат тој ќе го смени дресот.

За кам бекот на Коби Брајант:

„Лејкерси се сапунска серија, треба да мислат на иднината и да одат напред. Тоа е тим кој се менува и никој реално не може да ја предвиди нивната сезона, почнуваат од дното и имаат млади како Д`Анџело Расел и Јулиус Рандл кои треба да покажат дека можат да бидат дел од Лејкерс, со се она што го носи ова име и овој дрес. Нема да се изненадам ако Коби биде најдобар играч во лигата кој успеал да се врати по пауза поради повреда. Тој ќе го води тимот и ќе им го покаже патот на младите за да растат. Но оваа година во Лос Анџелес вниманието ќе го привлечат Клиперси кои имаат најдлабока клупа во НБА. Ми се допаѓа изборот што го направија со Пол Пирс, тој е клучен човек за клучни моменти, токму тоа што му недостигаше на клубот.“ 

27 октомври 2015 - 19:00