Незаборавната ноќ кога Коби ја искина мрежата 81 пат

Помина една година откако еден од најдобрите и наславни кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа и создаде колективна тага. Да се потсетиме на неговата најблескава партија која ќе остане во аналите на НБА лигата.

Незаборавниот Коби замина прерано во легендите на само 41 година заедно со ќерка му Џана (13) и уште седуммина кои загинаа откако им се сруши хеликоптерот.

Направи кариера за почит за која многумина може само да сонуваат. 20 години посветени на еден дрес, Лос Анџелес Лејкерс, 33.643 поени, 7.047 скока, 6.306 асистенции и 5 шампионски прстени.

Тоа е само основата. Колку само солзи се излеаа и свеќи се запалија лани на овој ден, а потоа насекаде се цртаа и графити во чест на кошаркарска икона. 

Од него останаа снимки кои ќе се вртат наредни 100 години. Најголемиот личен успех го направи пред 15 години кога на Торонто му даде рекордни 81 поен кои се гледаат во еден здив.

26 јануари 2021 - 13:02