Најдобри моменти од Ол-Стар натпреварот

Заврши уште еден Ол-Стар викенд а како и да не се играше. Без големо внимание како некогаш, без голем интерес од публиката. Се играше таканаречен трокружен систем, односно играа Тим Свет, Тим Ѕвезди и Тим Страјпс (пругасти).

НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес Клиперс.

Во нов формат се одиграа четири кратки натпревари по 12 минути, односно секој со секого. На крајот во финале победи Тимот на Ѕвезди против Тим Страјпс (Пругастите) 47:21.

МВП наградаа ја доби Ентони Едвардс. Лука Дончиќ и Никола Јокиќ одиграа по 5-6 минути и се штедеа на клупата, буквално не истрчаа ни пар спринтови.

Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Тим Ѕвезди“ загубија од „Тим Страјпс“ (40:42) и победија против „Тим Свет“ (37:35 во продолжение). Натпреварот помеѓу „Страјпс“ и „Ворлд“ заврши со резултат 48:45 во корист на американските кошаркари.

 

16 февруари 2026 - 10:44