Јокиќ го доби српското дерби против Богдановиќ, залудни 37 поени на Дончиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија од Западната конференција во плеј-офот во НБА лигата, откако вечерва во трилер натпревар по продолженија славеа над ЛА Клиперс со 112-110. Дебакл на Лејкерси.

29 поени, 9 скока и 12 асистенции за Никола Јокиќ, 0 поени, 5 скока и 2 асистенции за Богдан Богдановиќ во првото нивно соочување од плејофот.

Јокиќ доби голема помош од Арон Гордон кој постигна 25 и Џамал Мареј кој даде 21 поен.

Кај Клиперси најефикасни беа Џејмс Харден со 32 поени, 5 скока и 11 асистенции, а Кавај Ленард постигна со 22 поени. 

Лејкерски беа шокирани пред своите навивачите од Минесота со 95:117. Лука Дончиќ беше на ниво со 37 поени, 8 скока и една асистенција, но Леброн Џејмс придонесе со само 19 поени.

Предводници на гостинстана победа беа МекДаниелс со 26, Рид со 23 и Едвардс со 22 поени.

20 април 2025 - 08:59