Џејлен Вилијамс полуде, Оклахома на чекор до прстенот

Оклахома ја совлада Индијана во петтиот натпревар од финалната серија и е на само една победа од освојувањето на шампионската титула.

Домаќините имаа предност во текот на целиот натпревар, во еден момент имаа дури и +18 и заслужено славеа.

Индијана, како и обично, успеа да се врати во игра во третата четвртина во која Ти Џеј Меконел растури, а Сијакам со тројка на нешто повеќе од 8 минути до крајот на мечот ја намали разликата на -2.

Натпреварот наликуваше на првиот, кога големото водство на Оклахома се топеше, а навивачите се плашеа од реприза кога Пејсерси направија брејк.

Но, Тандерси покажаа ментална цврстина и одговорија со серија од 21:9. Џејлен Вилијамс го одигра плејоф натпреварот на кариерата во најважниот момент.

Постигна 40 поени, што е негов рекорд во плејофот, а МВП-то Шеј Гилгес-Александар додаде 31 поен со што им ја отвори вратата кон триумфот.

Ова е десетти пат двете ѕвезди на Оклахома заедно да постигнат 70+ поени, и убедливо најважниот. Шеј додаде и 10 асистенции, а конечниот резултат беше 120:109, без драма на крајот.

За Пејсерси, Сиакам постигна 28 поени, Ти Џеј Конел 18, а за победа недостасуваше подобар, или можеби поподготвен Халибартон. Тој има повреда на ногата и речиси и да престана да игра на моменти во нападот. Заврши со 4 поени и 6 асистенции.

Против Индијана сега е и историјата. Тимот кој на 2-2 го загубил петтиот натпревар ретко ја добивал серијата. Само 26% од тимовите го сториле тоа во плејофот. Во финалната серија само 20% од тимовите успеале да ја свртат негативата од 2-3 и да стигнат до прстенот.

Шестиот натпревар е во Индијана, во петок наутро во 2:30 часот.

17 јуни 2025 - 08:53