Дончиќ со дриблинг го извади од патики Турчинот Шенгун

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со добри партии откако синоќа со 104:98 го совладаа Хјустон Рокетс во дербито на Западната конференција во НБА.

Лука Дончиќ повторно беше главна ѕвезда на екипата во која максимално добро се вклопи и која ќе биде сериозен ривал на секој тим во плејофот.

Дончиќ го заврши мечот со 20 поени, 9 асистенции и 6 скока. а Леброн Џејмс кој во финишот го реши мечот, имаше 16 поени и 8 скока. Кај Хјустон Рокетс кој игра одлична сезона, Амен Томпсон уфрли 20 поени, Дилон Брукс 16 а сјајниот сезонава Алперен Шенгун 14 поени со 7 скока и 6 асистенции.

Лука во еден момент го измести Шенгун со врвни дриблинзи:

Натпреварот беше резултатски неизвесен до самата завршница кога Леброн Џејмс ја презеде одговорноста и со неколку поени во серија му донесе на Лос Анџелес Лејкерс нов триумф, вкупно 46-ти во сезоната. Лејкерс имаат и 29 порази. Хјустон Рокетс останува втор на табела со дури 49 победи и 27 порази. 

1 април 2025 - 08:13