Во историјата на НБА никој никогаш немал 175 поени, 53 скока и 28 асистенции во првите пет натпревари од сезоната. Вакво нешто му се случува сега на еден ѕвер во првите 10 дена од regular season.
Во историјата на Милвоки Бакс никој немал 147 поени во првите четири средби од сезоната. Претходен рекордер бил Луис Алсиндор кој дал 146 коша на 23 години на почетокот на својата втора сезона во НБА, само неколку месеци пред да стане шампион за првпат и да се конвертира во исламот менувајќи го името во Карим Абдул-Џабар.
Јанис Антетокумпо е одмазда на интернационалниот баскет на штета на американскиот. Тој е одговор на деценискиот јаз кои ги чинеше играчите пораснати надвор од САД да бидат технички не толку оддалечени од Американците, но далеку побавни, пониски, помали и дефинтивино послаби.
Тој е кошаркарски аполид, без државјанство (откако навистина бил прав аполид на 18 години без пасош ни документи) со нај-НБА карактеристики од сите НБА играчи.
Кога се обидувате да одредите што позиција игра не може да дефинирате што е а што не е: не е бек-шутер затоа што со шаката од преку 30 сантиметри ја префаќа цела топка (75-78см во обем) поради што му е тешко во ситуации catch-and-shoot.
Се друго Јанис може да игра. На 23 години е единствениот У-25 заедно со Ентони Дејвис меѓу најдобрите три петорки изгласани од 100 реномирани новинари за 2017. Толку е корисен што често може да тргне далеку од крило преку целата линија и да стигне до 5-ка. А има и од кој да учи и напредува затоа што тренер му е Џејсон Кид.
Минатата сезона Јанис Антетокумпо стана првиот играч во историјата на НБА кој завршил во првите 20 позиции во категорија поени, скокови, асистенции и украдени топки. Ја освои премијата за играч со најголем развој.
Во моментов според букмејкерите, Јанис е фаворит за МВП на сезоната и тоа пред ЛеБрон Џејмс, Кави Ленард и Кевин Дурент. По една недела од новата сезона, Гркот со нигериско потекло е лидер во НБА по погодени шутеви 44 од 56 односно 78,6% прецизност по натпревар.
Giannis Antetokounmpo the early NBA MVP favorite, says Vegas pic.twitter.com/igPw6cdGQy
— Sex Drugs PicknRoll (@Hoop_Hoop_News) October 25, 2017
Во некоја лабораторија сигурно ќе се бара клон на Јанис или некој експеримент како што беше оној на Јао Минг којшто е син на двајца високи родители кои се земале по желба на кинеската влада која барала да добие еден супеџиновски играч.
Засега на хоризонтот не се гледа играч како Антетокумпо. Има подобри играчи (малкумина), но сите се поинакви од Јанис. Веројатно сме на почеток на неговата ера во која ќе освои неколку прстени на некое друго место.