Кец у два

Твит на денот за сите напатени кладилничари

Со оглед на тоа што е викенд, дај жртвувајте барем едно 50че. Ако упали, од следен викенд давајте и по 100че со се билтен во рака. За вас останува уплатата и исплатата.

Со 30 денари до 200.000 денари - одличен викенд во Спорт лајф

Дополнителниот „Празничен бонус“ од Sport Life, кој можат да го добијат членовите на СЛ клубот со нивната СЛ клуб картичка, на овој играч му донесе 56% бонус за вкупна добивка од 195.918 денари.

Писмо на читател кој нема разбирачка со ЕХФ и една македонска кладилница

Дечкото е добитен, 100% добитен со фото и видео доказ, ама Европската куќа на ракометот направи несфатлива грешка на мечот Македонија - Украина. Не му го признаа четвртиот гол на Талески, а чист е. Кладилниците се водат по статистиките на ЕХФ и така махеров неправедно стана малер.

Го имаме твитот на годината на тема кладилница

Во чест на раѓањето на Блаже Конески, Твитерџијата на Спорт Лајф се отвори ко Германија против Бразил на Светското 2014. Маестрално срочено, нема што.

Тикет за мерак

Како што го крстил махерот, така го објавуваме, како тикет за мерак. Без разлика дали е навивач на Јунајтед или не, стварно е мераклиски да закачиш вакви квоти.

Леле мајко каков малер за 4,2 милиони денари

Царот си одбрал поштено само три утакмици, ама како баш овие само тој си знае. X-X 3+ е ултра тешко за фаќање, а тој фатил две и пол. Барнсли - Бристол Сити му завршува 2:2 и тоа со израмнување на домаќинот во 94-та минута. Каде е проблемот? Гостиве воделе 0:1 на полувреме со погодок во 43-та минута.

Махериште на колото за 255.000 со Елмас прв стрелец

Ја фаќа Словачка – Велс нерешено и Казахстан – Кипар ГГ3+ од кои секој би избегал во билтен. Но вистинската мајсторија лежи во тоа што го намирисал првиот стрелец на Македонија – Словенија, за потоа да го посака и среќа со пеналот во 94-та минута за добивка од преку 4.000 евра. Мераци.

Одбојкарски махер на колото

Додека синоќа сте се нервирале што Борусија - Барса заврши компир, Челси дома ја оплеска и Ливерпул не ја даде ГГ3+, го имаме обложувачот на денот. Можеби не му е многу полн џебот, колку срцето и ќеифот.

Махер на колото кој им влезе дрско со 3+ второ

Колку треба да си оптимист дека фудбалски земји како Албанија, Молдавија, Луксембург и Црна Гора може да ти ги даде 3+ второ. Абе понекогаш е тешко 3+ цела да погоди човек, а не па само во второ и тоа на квалификациски. Плус противнициве не им се велесили. Браво Дуле, комарџија добро познат на редакцијата.

Малер на колото за кој како да ви кажеме

Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.

За малце махер, бидна малер па махер

Имаме писмо на читателот Мирослав кој ден после корекцијата на Евровизија со гласовите од Белорусија сфаќа дека се офајдил. Правдата е задоволена и за Тамара и за Мирослав.

Махериште на колото во ЛШ за 52.650 евра

Македонец од Австрија ни праќа ваков тикет: Ливерпул – Барселона точен резултат 4:0 и Ајакс – Тотенхем кец у два. Влог 10 евра – добивка 17.550 евра со тоа што три пати го уплатил тикетот. Океј?