Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.
Имаме писмо на читателот Мирослав кој ден после корекцијата на Евровизија со гласовите од Белорусија сфаќа дека се офајдил. Правдата е задоволена и за Тамара и за Мирослав.
Македонец од Австрија ни праќа ваков тикет: Ливерпул – Барселона точен резултат 4:0 и Ајакс – Тотенхем кец у два. Влог 10 евра – добивка 17.550 евра со тоа што три пати го уплатил тикетот. Океј?
Гаѓа 24 утакмици и го заебува само Блекбурн - Стоук 2+. Во 14-ма минута резултат е 0:1, на крај на прво Бојан Кркиќ промашува пенал и не паѓа втор гол.. Па да не се немало милост мајко му стара.
Стариот има 83 години, секој викенд пишува тикет, ама редот, мирот и ритуалот му го рушат тројца бандити кои се обидуваат да станат махери на колото без да уплатат. Како дошле, така ошле без денар. Со мала помош на вработениот ги соборува и ги брка од кладилница. Херој. Другите кидавела. Дајте му ваучер.
Оваа рубрика обично оди во понеделник и петок, ама оди стрпи се да те видам до петок. Сите се чудевме на синоќешните резултати од ЛШ, освен Бранислав и Бобан. Па добро бе како успеавте вака да ги трефнете?
Кога веќе нејќе ГГ, ГГ3+, гол у прво, два у второ, ГГ1 или ГГ2, да пробаме вака. Освети ја Боже кладилницата и моли се за поголеми квоти, може ќе почне да дава.
Манчестер Сити синоќа се иживуваше со третолигашот Бартон, му излезе со прв состав во полуфинале од Лига Куп и го демолираше со 9:0. Го имаме махерот на колото (ова на колото е премалку, ама не ставаме на сезоната ради малата добивка). Веројатно никаде на друго место на планетава немало ваква уплата.