Клади се на Метросексуалците на Бекам

Дејвид Бекам објави дека формирал нов фудбалски клуб со седиште во Мајами, но клубот сè уште нема име. Кладилниците имаат неколку интересни идеи.

На конференцијата на која присуствуваа преку 300 луѓе, Дејвид Бекам стави крај на сите шпекулации и официјално објави дека формирал нов фудбалски клуб во САД.

Но освен формирањето на клубот, речиси ништо друго не е познато. Тој сè уште е во потрага по локација за стадион, како и потенцијални инвеститори кои ќе му помогнат околу трошоците.

Еден од нив можеби ќе биде и ѕвездата на Мајами Хит, Леброн Џејмс со кого Бекам веќе е во преговори.

Освен локацијата и датумот од кога овој клуб ќе се приклучи во МЛС лигата, не е познато ниту името на клубот, па кладилниците веќе ги дадоа своите предлози и коефициенти.

Според Betfair, најголеми се шансите клубот да се вика Мајами Бекам Јунајтед, а има шанси да го носи и името Мајамчестер Јунајтед:

Miami Beckham United - 4
Miami Tropics - 7
Miami Fusion - 8
Miami Matadors - 11
Beckham FC - 13
Miami Gatos - 17
Miami Metrosexuals - 21
Miami Maestros - 23
Miamchester United - 1001

Кладилницата Paddy Power понуди коефициент 34 дека дури и Дејвид Бекам ќе заигра за својот клуб, а коефициентот дека тие ќе ја освојат титулата уште во својата прва сезона е 13.

6 февруари 2014 - 15:33