Фудбал

Халанд во најскандинавска реклама некогаш снимена

Американската компанија Beats за производство на слушалки, основана од познатиот рапер Др. Дре снимила сјајна реклама со најдобриот центарфор на денешницата, Ерлинг Халанд.

Бразилска будалаштина на денот

Се сеќавате ли на Дејверсон? Како ли трпеле ваков циркузант во Португалија, Германија и Шпанија? Додуше не дека за гиганти настапувал, туку за Белененсес, Келн, Леванте, Хетафе, ама сепак. Во Палмеирас се глупираше исто, а сега и во Атлетико Минеиро.

Најмилиот навивач на сезоната

Италијанска навивачка група има мил водач, што знае добро каков ритам да фати.

Дриблинг на Исак од Њукасл кој до сега не е виден во фудбалот

Александер Исак на дуелот Шведска - Азербејџан 6:0, им продаде финта во шеснаесетник каква што не се памети. Со грб бе го издрибла, еј. Осум пати го пуштивме клипов.

Чудна животиња прекина меч во Коста Рика

Уште вакво нешто немавме видено да влета на фудбалски натпревар. Википедија ќе објасни: Опосум - торбарско животно од класата на цицачите. Најчесто се среќаваат во тропски шуми и дождовни шуми. Американскиот опосум кога е во опасност се обидува да ги измами грабливците преправајќи се дека е мртов. Може да лежи неподвижно дури 6 часа.

Некогаш и вакви пенали се шутирале во Англија

Снимката е од пред 40 години од мечот Челси - Манчестер Сити во Милк Купот, денес познат како Карабао Куп или наједноставно Лига Куп. Изведувачот е Пет Невин, а коментаторот е запрепастен и со право ќе го прогласи пеналот за најлош.

Карло ако ова не е доволно, што е?

Турција загуби од Црна Гора 3-1 во меч во кој Арда Ѓулер беше главен адут на Турците. Тој сезонава повеќе игра за репрезентација отколку за клуб. Причините ги знае само Карло Анчелоти. По силен дожд, град и кал на „Градски“ стадион во Никшиќ, Арда покажа умешност со топката.

Браво мали за ролингот на вечерта

Осумнаесет годишниот Лукас Бергвал кој игра за Тотенхем, синоќа на мечот Шведска - Азербејџан изведе еден маестрален ролинг каков што ретко се гледа. Потег на колото во Лига на Нации.

Најлудата машина за голови: Швеѓанецот Виктор Ѓокереш пак даде 4 гола

Шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш повторно ја залуди фудбалската јавност откако пак даде 4 гола на еден меч. Овојпат на дуелот Шведска - Азербејџан во последното коло од групната фаза на Лига на нации каде Швеѓаните славеа 6-0 (Дејан Кулушевски постигна 2 гола и имаше 1 асистенција).

Соло продор на вечерта, Енер Валенсија против Колумбија

Еквадор забележа огромна победа и освои три златни бода на гостувањето кај Колумбија откако славеше со 0-1 и изби на 3-то место во јужно-американските квалификации за Светско 2026. Лидер на Еквадор е 35-годишниот капитен Енер Валенсија кој во Европа играше за Вест Хем, Евертон и Фенербахче а сега е во бразилски Интернасионал. Погледнете го неговиот злато вреден гол.

Турција декласирана во Црна Гора, хет-трик на Крстовиќ

Во последното коло од групната фаза на Лига на нации, Црна Гора која од клупата ја води легендарниот Роберт Просинечки, ја растури Турција со 3:1. Јунак на мечот беше центарфорот на Лече, Никола Крстовиќ кој постигна хет-трик со три прекрасни гола. Единствениот погодок за Турците го даде Кенан Јилдиз. Натпреварот се играше на стадионот во Никшиќ каде поради обилни дождови теренот беше каллив.

Можните противници на Македонија во квалификациите за СП 2026

Можна е балканска група. 1. Хрватска, 2. Србија, 3. Македонија, 4. Бугарија. За противникот од петтиот шешир ни е секако сеедно. Ждрепката е на 13 декември. Директен пласман обезбедуваат само првопласираните, а вторите играат плејоф против најдобрите четири селекции од Лига на нации.

Албанија за 90 минути од прагот на А испадна во Ц дивизија

Фудбалската репрезентација на Албанија пред последното коло во Лига на Нации беше на второ место во својата група и имаа шанса да се борат за А дивизија. Синоќа изгубија дома 1-2 од Украина, паднаа на последно место во својата група и испаднаа во Ц дивизија. Украинците славеа со головите на Зинченко во 5-та минута и Јаремчук во 10-та минута. Единствениот погодок за домашните го даде Недим Бајрами во 75-та минута од пенал.

Селекторот на Данска се скина од зборење на пресот во Лесковац

Србија и Данска одиграа 0:0 во последното коло од Лига на нации. На пресот на гостите после мечот се појави селекторот Брајан Ример. Толку е веста.

Два гола, две мајстории на дербито Бразил - Уругвај

Репрезентацијата на Бразил повторно многу ги разочара своите навивачи откако одигра само 1-1 на домашен терен против Уругвај во квалификациите за Светско првенство 2026. Ургувајците поведоа преку Федерико Валверде кој постигна убав гол во 55' минута а Жерсон набрзо израмни исто со прекрасен погодок во 62-ра минута. На стадионот „Фонте Нова“ навивачите со свирежи ги испратија бразилските репрезентативци кои сега после 12 кола се на 5-то место со 18 освоени бода, 7 помалку од лидерот Аргентина.

Супер волеј на Лаутаро Мартинез на фантастично додавање на Меси

Толку е потребно за Аргентина да победи кога има напад од таков калибар. Феноменалната комбинација Меси - Мартинез, заврши работа против Перу (1:0), за нови 3 бода во мундијалските квалификации каде се лидери во групата со 25 бода на 12 средби.

Прајм-тајм дриблерот на Анри

635 настапи и 168 гола за клуб и 126 настапи и 33 гола за репрезентација. Како и 14 трофеи. Не дека се овие бројки слаби, ама можеше уште, ако не влезеше во таа малерозна низа на повреди во Реал Мадрид, каде и не се снајде. Штета што играчиште како Еден Азар го гледавме како везе само до 32 години. Анри објаснува за него кратко и јасно.

Стадионот каде ќе се игра финалето на СП 2034 е чудо од архитектура

И покрај тоа што прво на ред е Мундијалот 2026, па 2030, ултра богатата земја која си собра Роналдо и екипата на печалба, веќе почна со кампања за Светското 2034.

Како изгледаше оброкот на Халанд после хет-трикот против Казахстан?

Ако едно парче тежи од прилика по 100 грама, тогаш Ерлинг Халанд фукнал кило бифтек. Минимум. Не постирал повеќе од тоа, но се надеваме дека оваа мега примамлива порција ја комбинирал со  црвено вино, а не со кока кола или сл.

55 години од голот број 1.000 на Пеле

Според официјалните статистики, Пеле е трет стрелец во историјата на фудбалот со 762 гола, втор е Меси со 850, а прв Роналдо со 910. Но, на Википедијата на Пеле стојат 1.279 голови на 1.363 средби, бидејќи тука се вклучени и головите на неофицијални средби. Делириум настанал кога стигнал до големиот јубилеј. Го дава за Сантос на Маракана на 19 ноември 1969-та на 29 години. Играта ја прекинале.

Од виртуелен во реален свет - како е да го водиш Динамо Загреб на компјутер и во живо?

Арон Фалон е еден од најјаките играчи на светски познатата фудбалска симулација Фудбал Менаџер. Тој добил покана од Динамо Загреб да го посети клубот и во живо, во прво лице да види како се води екипата на терен. Арон неодамна играл на Светско првенство во Фудбал Менаџер во Ливерпул. Играл погаѓате со кој тим.

Нова реклама на Најк за Рафаел Надал

Дејвис Куп репрезентацијата на Шпанија денес ќе игра во четртфинале против Холандија. Во селекцијата е и легендарниот Рафа Надал кој неодамна најави дека овој турнир ќе му биде последен во кариерата. Најк снимил уште една реклама во негова чест, а Рафа изјави како тука момците се битни, не негово евентуално пензионирање и дека му е толку убаво во репрезентацијата што воопшто не размислува на крајот.

Ривалдо уште го има истиот осет, на 52 години

Една од најголемите култни легенди на бразилскиот фудбал и на Барселона, Ривалдо учествувал во ревијален натпревар со хуманитарен карактер во бразилскиот град Коритиба. Играле поранешни ѕвезди на Барселона против поранешни бразилски фудбалери. Меѓу другите настапиле уште и Ромарио, Хавиер Савиола, Едмилсон, Кафу, Зе Роберто. Ривалдо го отворил мечот со преубав гол од слободен удар, во негов стил.

Канонада од шанси во Лесковац

Србија и Данска одиграа само 0:0 во последното коло од Лига на нации. Премалку, ако се ѕирне статистиката, која вели вкупно 22 шутеви на Србите наспроти 8 на Данците. Или уште подобро ако се погледнат најзрелите 7 на мечот од кои 5 на домаќинот или три на Влаховиќ.