Фудбал

Полека бре, судијата го потепавте

Во дербито на 13. коло од француската Лига 1, Марсеј губеше 0-1 од Монако пред повеќе од 50.000 свои навивачи но на крај направи пресврт и славеше 2-1 со голови во 53-та минута и во 89-та минута од пенал. Претходно во првиот дел, во 20-та минута десниот бек на Монако Бразилецот Вандерсон го покоси линискиот судија кој при пад се повреди и го скрши знаменцето. Проба да продолжи да суди но не можеќе и побара измена.

Со грб бе ја штопна

Рајс Нелсон од Фулам на средбата со Тотенхем, се справи со топката на скроз неочекуван и ретко виден начин.

Вие оправајте се со судијата, на Салах му е гајле

Мохамед Салах игра во фантастична форма. Тој постигна гол или намести гол на секој од последните 8 натпревари против Манчестер Сити (6 гола и 4 асистенции) со што покажа дека англискиот шампион му е омилена мета. Синоќа во големото дерби на „Енфилд Роуд“ погоди од пенал во 78-ма минута. Пред пеналот додека ривалите се расправаа со судијата за одлуката, Мо си жонглираше.

Аца Лукас раскажува за забавите со Пандев

Славниот српски пејач ја открива банкнотата која Пандев му ја лепел како башкиш повеќе пати во една вечер, кога го викал да му пее во Струмица. Инаку прво мислел дека е Бугарин.

Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен, јавноста преплашена

Потресни сцени се случуваа на мечот Фиорентина - Интер во вечерниот термин од 14. коло во италијанската Серија А. Младиот фудбалер Едоардо Бове се сруши на теренот и итно беше префрлен во болницата. За среќа брзо се повратил и самостојно дишел.

Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, пируета на Гризман

Атлетико Мадрид го прегази Ваљадолид на гости со 0:5. Одиме веднаш на четвртиот гол на Антон Гризман кој си поигра во шеснаесетникот до толку атрактивно, што и домашните навивачи му ракоплескаа.

Привилегија е ваков гол да му дадеш на Баерн на 20 години

Сè повеќе клинци родени во новиот милениум, ја преземаат фудбалската сцена. Еден од нив е Џејми Гитенс, репрезентативец на Англија У-21. Немаше среќа да и донесе 3 бода на Борусија Дортмунд, со оваа прекрасна соло изведба, бидејќи една година постариот Мусиала ги постави конечните 1:1 на 5 минути до крај.

Графит ремек дело од најславното дете родено во Розарио

На 24 јуни 1987-та, Хорхе Меси и Селија Кучитини добија син кој потоа ќе стане најголемиот фудбалер на сите времиња. Уникатната фудбалска приказна почнува да се испишува во Њуелс Олд Бојс, во родниот град Росарио. Вака изгледа денес еден од графитите за Лео. Огромен и маестрално изработен.

Парола на денот за Бошњакот од Аталанта

Сеад Колашинац е роден во Германија, игра за селекцијата на БиХ, а неговите родители се Бошњаци, со потекло Црна Гора и БиХ. Уште Ла Лига му фали за да му влезат во биографија топ 5 европските лиги. Ги носеше дресовите на Шалке, Арсенал, Марсеј, а од лани е во Аталанта. Навивачите го изненадија со банер на кој има кратка и многу оригинална содржина.

Бојан гризе и дава голови на тренинг

Македонскиот напаѓач го разби малерот во Шпанија и после двата гола во Куп, три недели подоцна даде два и во првенство. Следната цел е гостувањето против Виљареал на гости во недела од 14:00 часот. Нишанот е наместен.

Малерот на Реал Мадрид кој како да е проколнат од повреди

Карло Анчелоти се соочува со доста специфична сезона, која сигурно не му е воопшто лесно да ја менаџира. Едно што се бори со интеграција на Мбапе во густиот напад, а второ со ненормалниот број на повреди.

ФИФА и официјално ги објави кандидатите за најубав гол во 2024-та

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објавува номинациите, кандидатите за разни награди кои ќе ги доделува на свечената церемонија која ќе се одржи во јануари 2025-та година. Ќе се бира најдобар машки фудбалер на годината 2024, најдобра женска фудбалерка за 2024, најдобар голман, тренер и она што нас најмногу нè копка - најубав гол за годината која изминува.

Онана како лоша копија на Ноер

Рубен Аморим дебитираше со победа од 3:2 на неговиот прв меч на Олд Трафорд, ама во класичен Манчестер Јунајтед стил. Водеа од 1 минута, па примија два комада во период од 4 минути, за потоа да направат комплетен пресврт. Но и резултат за победа не им беше сигурен, особено на 15 минути до крај, кога Андре Онана направи многу ризична екскурзија.

Голот на Матс Хумелс кој ги фрли во транс навивачите на Рома

Во дербито на 5. коло од Лига Европа, Тотенхем и Рома одиграа 2-2 пред повеќе од 60.000 гледачи на новиот „Вајт Харт Лејн“ во Лондон. Домашните водеа на два пати, а гостите се враќаа прво во 20-та минута па во 90+1' минута од судиското продолжение.

Роналдињо прави шоу на Ел Класико и на 44 години

Катар нагости еден куп легенди на Барселона и Реал Мадрид, кои режираа спектакл со четири гола, како и пенали кои поуспешно ги изведе каталонскиот тим.

Давид Де Хеа од Кратово

Далдисани во Лига на шампиони неделава и во ред други спортски збиднувања кои не може да ги пофати човек, сме ја испуштиле потенцијалната одбрана на сезоната во македонската прва лига. Махерот е Љупче Џеков од Силекс кој има само 19 години, кој изведе брилијантна одбрана на гостувањето против Шкупи кое го добија со 0:2. Инаку кратовчани одлично возат за сега и се први на табела под водство на Александар Васоски.

Србин го опишува дербито Пелистер - Вардар

На почетокот на овој месец, Пелистер дочека за прв пат во историја да игра на Тумбе кафе под рефлектори. Што е добро, ама не е добро што еден таков фудбалски град, за ова задоволство чекаше дури до 2024-та. Убавата вест стигна и до Србија.

Админот на Црвена Ѕвезда се отвори поштено

Твитер како Твитер, ќе видиш резултат, голови, атмосфера, кореографија и сл. Ама фората е да ти текне нешто поразлично.

Зидановката е жива

Фудбалот често знае да биде насилен, ама ретко се гледаат намерни фаули без да се користат раце или нозе. Мундијалскиот гаф на Зидан од 2006-та, не сме виделе некој да го повтори во скоро време. Се најде таков „јунак“ во редовите на англискиот третолигаш Чарлтон.

Колку пари досега заработија Црвена Звезда и Динамо Загреб?

Новиот формат на елитната Лига на шампиони значи и повеќе пари за клубовите-учесници а тоа и тоа како добро им легна на условно помалите клубови кои не можат да се носат со далеку побогатите гиганти.

Голчиштето на вечерта во Анјдховен каде се случи мега пресврт

ПСВ направи лудорија од пресврт, а статистиката на Опта вели дека прв пат се случува некој да добие меч во ЛШ, после негатива од два гола до 86-та минута. Шахтјор имаше 0:2 на полувреме, а драмата ја најави Малик Тилман со два комада во 87` и 90`, кој беше прогласен за играч на мечот. Многу убав гол.

Коментатор а доктор

Црвена Ѕвезда го забележа еден од најголемите триумфи во еврокуповите откако синоќа со 5-1 го распарчи германскиот вицешампион Штутгарт. На црвено-белите буквално сè им поаѓаше од нога, играа прекрасен фудбал и дадоа атрактивни голови. Коментаторот на Арена Спорт Милош Миличевиќ во еден момент при корнер за Белграѓаните како да го најави голот. Неверојатна интуиција и фудбалско познавање.

Клизачот на Конор Бредли врз Мбапе вреден овации на Енфилд Роуд

Ливерпул го разби малерот против Реал Мадрид кој го немаше добиено од 2009-та, од времето на Рафа Бенитез. Мбапе не искористи пенал во вториот дел, а во една контра напад, кога се чинеше дека сам ќе излезе пред голман, 21 годишниот Конор Бредли, му влезе храбро и махерски ко Паоло Малдини. Цел стадион реагираше бурно, а дуелот беше инспирација и за фоторепортерите.