Фудбал

Највредната колекција од соништата на Меси

Лионел Меси пред неколку дена стигнал во родниот Розарио, во Аргентина каде ќе ги помине Новогодишните и Божиќни празници како и секоја година. Лео многу ретко ги користи социјалните мрежи на кои сега сподели еден интересен детал.

Што значи најновото стори на Рики?

Само два дена по промените на раководството во ФФМ, довчерашниот капитен на Македонија Стефан Ристовски, објави фотографија на Инстаграм на која е во репрезентативен дрес заедно со Адеми. Значи ли ова кам бек и нормализирање на односите со селекторот Милевски, со помош на новиот директор на националните селекции, Горан Пандев, со кој се блиски.

Чудото од дете на Ајакс кое жонглираше 2.424 пати

Холандскиот гигант отсекогаш вадел сјајни бисери од својата школа, која важи за една од најдобрите на светот. Еден таков сега е 11-годишниот Зинедин Чајат кој жонглираше 2.424 пати за време на паузата на натпревар на Ајакс. „Можев уште, ама ме прекинаа поради натпреварот“, рекол малиот Зинедин кој ги воодушевил присутните.

Панче Ќумбев: Масар метлата и чисти, оти очекуваме големи промени

Претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панчев Ќумбев, а воедно и поранешен репрезентативец на Македонија, даде краток и јасен коментар околу смената на раководството во ФФМ. За промени, смета дека е потребна чистка и рестарт.

Зезалиците на Нејмар

Триесет и две годишниот Бразилец во последните 2-3 години повеќе е надвор од теренот во закрепнување од повреди отколку што е на терен. Член е на саудискиот клуб Ал-Хилал, важи за еден од најскапо платените фудбалери во историјата, но по сè изгледа дека веќе не му е до фудбал. А го играше стварно со неверојатна леснотија.

Омерагиќ на средба со Милевски, вработените во ФФМ и новинарите

Еден ден по вонредното изборно генерално Собрание, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ го одработи првиот ден во куќата на фудбалот. Се запозна со вработените во федерацијата, ги повика на брифинг новинарите, а имаше и прва средба со селекторот Боби Милевски, кој за три месеци ги стартува мундијалските квалификации.

Кристијано Роналдо кај Дедо Мраз во Финска

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо решил со децата да отпатува до Финска, во местото Рованиеми за каде се смета дека е седиштето на Дедо Мраз. Од аеродром ги донеле директно до местото а таму возеле и на санки со кучиња и го посетиле Дедо Мраз.

Чудната епизода на Арда Ѓулер и седиштето на Анчелоти

Реал Мадрид со 4-2 ја совлада Севиља и ја прескокна Барселона на табелата, па сега Атлетико е прв со 41 бод, Реал Мадрид втор со 40 бода а Барселона трета со 38 бода со тоа што мадридските гиганти имаат и меч помалку во Ла Лига. На дербито со Севиља Арда Ѓулер влезе во 71' минута од клупата за резерви каде претходно истури вода врз столчето на Карло Анчелоти.

Турам еден на еден во стилот на Адриано

Интер го совлада Комо со 2:0 во заостанат натпревар и сега е на -3 од лидерот на Аталанта, но со натпревар помалку. Ќе го издвоиме голчиштето на Маркус Турам кој го реши и чуварот и голманот со убиствен финиш. Прв стрелец е во Серија А со 12 гола, исто колку што има и Ретеги од Аталанта.

Новогодишна елка и лампиони на терен

Оснабрик е на претпоследно место во трета германска лига, 19-ти се од 20 клуба. Имаат само 15 бода и сериозно тонат накај четврта лига. Но навивачите го бодрат тимот кај и да игра. Сега последно Оснабрик играл во неделата против Ферл (1:1) на гости, а навивачите го прекинале накратко натпреварот со фрлање лампиони и новогодишна елка во знак на протест што цел декемви Оснабрик игра само во недела, ден за одмор.

Судија, еве ти метро па измери

Натпревар од фудбалската лига на Костарика бил прекинат поради тоа што гостинската екипа Алахуеленса била незадоволна од висината на стативите и пречката. Судија со метро и асистенција од помошниците измерил и се потврдило дека голот е повисок од вообичаеното. Но после прекинот домаќините славеле 2:0 па гостите залудно се жалеле.

Рефлексот на Столе работи и на Местаља

Со повредата на Мамардашвили, Столе Димитриевски брани во Ла Лига на три меча по ред за очајната Валенсија, која се наоѓа на претпоследна позиција. Загуби 1:0 од Ваљадолид, па нерешено прво со Еспањол, па викендов против Алавес. Бележиме две одлични интервенции од последните два дуела.

Во Манчестер Јунајтед капе од таванот за време на прес-конференција

Португалскиот тренер Рубен Аморим кој правеше чуда со Спортинг Лисабон, му донесе шампионски титули, трофеи и пехари после долги години, го направи редовен учесник во Лига на шампиони, сега не може да се снајде во хаосот во Манчестер Јунајтед. Изгубија дома 0:3 од Борнмут, а таванот прокиснуваше за време на прес-конференцијата на Аморим.

Шпалир за Хезус Навас на Бернабеу и аплаузи од цел стадион

18 сезони, 704 натпревари, 49 голови, 4 трофеи во Лига Европа, 2 во Копа дел Реј, Суперкуп на Европа и Суперкуп на Шпанија. Сето ова за еден клуб. Севиља. Во меѓувреме заигра и за Манчестер Сити (2014-2017) со кој освои титула во Премиер лигата и два пати Лига Куп.

Ќе речеш бек, а тој торпедо голчиште даде

Tрабзонспор го совлада Бодрум 1:0, на многу сладок начин. Со еврогол во 86 минута, ремек дело на португалскиот десен бек Педро Малхеиро, кој ја дупна топката.

Тенискиот резултат меѓу Тотенхем и Ливерпул со 9 гола

Во големото дерби од 17. коло во англиската Премиер лига Ливерпул ја прекина серијата од два меча без победа и го совлада Тотенхем на гости со тениски резултат 3:6.

Офсајд на годината

Ништо од ноктот на Левандовски, приматот за најјак офсајд за 2024-та доаѓа од средбата Венеција - Каљари. Пази, со крампон беше во офсајд. Каков апсурд.

Во меѓувреме, одиме во Непал

Кога ќе се спомене Непал, прва асоцијација се Хималаите и славниот Монт Еверест. Но, тука друг е муабетот. Роберто Карлос дали се слушаме? Или ова треба да го објасни професор по физика?

Мбапе и Валверде распалија со проектили

Реал Мадрид целосно ја оправда фаворитската улога против Севиља и ја доби со 4:2, со што изби на втората позиција пред Барселона. Да не должиме многу, Килијан и Федерико сакаат да ви покажат нешто.

Оскаровска глума во Серија А на шкотски начин

Аталанта го совлада Емполи со 3:2 и ја задржа челната позиција и во 17. коло. Лиам Хендерсон од Шкотска кој е член на гостинскиот тим, се надмина себе си во обидот да изнуди прекршок, па уште глумеше и мускул дека истегнал. Гасперини за глава се држеше. Торко од невидени размери.

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Фудбалската федерација на Македонија го одржа вонредното изборно генерално Собрание. Прифатена е оставката на досегашниот претседател Муамед Сејдини и претставена е новата раководна структура на куќата на фудбалот.

Што може да се случи ако им дадеш топка на пијани луѓе?

Едно од можните сценарија изгледа од прилика вака и е во должина од 30 секунди, пошто после ќе папсаат.

Најдоброто од навивачите на Славија Прага во 2024

После 19 одиграни кола во чешката прва лига, Славија Прага е лидер со 50 бода (16 победи, 2 нерешени и 1 пораз), Викторија Плзењ е втора со 43 бода а Спарта Прага е на трето место со 37 бода. Навивачите на Славија имаа година 2024 за паметење. Немаше коло а да не направија прекрасни кореографии проследени со многу пиротехника.

Сличности и разлики меѓу браќата Инѕаги кои целат на врвот

Едниот се бори за Скудето, другиот за промоција во Серија А. Како играчи, беа далеку од тоа дека еден ден ќе бидат тренери, но останаа во вториот фудбалски живот. Често се слушаат на телефон и зборуваат многу на тема фудбал.