Што друго да има кога група од 20-ина мажи ќе застанат да се сликаат за некоја официјална клупска кампања. Глупирање колку сакаш. Ипсвич за новиот календар за 2025.
Играч на Манчестер Јунајтед, да бидеме појасни. „Олд Трафорд“ има вековна култура на голема почит кон своите и противнички фудбалери, па секогаш знае да препознае момент за громогласен аплауз, но и за брутални свирежи со какви се соочи Холанѓанецот Џошуа Зиркзе.
Во унгарското село Фелчут има еден парадокс. Се работи за место со 1.688 жители кое има стадион со капацитет од 3.865 седишта. Стадионот го користи Пушкаш академијата, именувана по легендата Ференц Пушкаш и се вика Панчо арена, по неговиот прекар. Три години го има користено трикратниот унгарски шампион Фехервар, додека се реконструирал нивниот стадион. Отворен е во 2014-та и чини нецели 10 милиони евра. Скроз нетипично здание од стадион.
Англичаните традиционално стиснаа гас за празнициве, а тоа значи фудбал на Боксинг деј, за викенд, па на први јануари. Снимкава е од неделата од дуелот Блекпул - Бирминген Сити, а проблемот со балансот е на Џејмс Хазбнд, кој да не се лажеме, имаше очигледен обид да изглуми фаул.
Португалецот во понеделникот само што стигнал во Милано, веднаш се фатил за работа. Ги завратил ракавите и без многу да мисли на административните работи околу договорот (6 месеци, 1 ипол милион евра со можност за продолжување) се симнал на терен кај момците.
Рубен Аморим го забележа и шестиот пораз на клупата на Манчестер Јунајтед по 11 средби и ова им е вкупно деветти во Премиер лигата после 19 кола по кои се 14-та позиција. За прв пат во 45 години губат дома три средби по ред. Погледнете со колку трчање и жар му играше одбрана Бруно на Гарначо во последните 10 минути од мечот. Како сега да почнал мечот. Манчестер Јунајтед - Њукасл 0:2.
Триесет и осум годишниот тренер на Баерн Минхен Венсан Компани кој долги години беше капитен на Манчестер Сити, некако го донесе бродот на Баварците во мирни води по турбуленциите минатата сезона. Баерн е прв во Бундеслига но има само 4 бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен. Компани на тренинг се служи со стари добри тренинг методи.
Легендарниот Бразилец, кој остана идол и миленик на милиони навивачи, кариерата ја заврши во Коринтијас каде настапуваше во периодот 2009-2011. Ах тоа проклето колено што му направи во Интер. И пак беше јак, еден од најјаките напаѓачи видени во фудбалот.
Ноер, Крос, Милер, Гундоган, Ди Марија, Суарез, Кавани, Гризман, Жиру, Кјелини, Пепе, Нани...Долга е листата на славни фудбалери кои во 2024-та решија да и стават крај на репрезентацијата.
Скоро да немаше викенд а во извештаите од Серија А да го немаше легендарниот капитен на Удинезе Антонио Ди Натале со постигнат гол. За црно-белите од Удине играше 12 сезони и на 385 натпревари постигна 191 гол. За италијанската репрезентација забележа 42 настапи со 11 погодоци. Врвен шпиц каков што денес ретко се наоѓа.
Претседателот на ФФМ, Масaр Омерагиќ, одговора на околу 30 новинарски прашања од повеќе медиуми на различни теми, како клупски и репрезентативен фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, младински сектор.
Нотингем Форест е најголемо изненадување на сезоната во најдобрите европски лиги. „Шумарите“ се сензационално втори во Премиер лига со дури 11 победи и 37 освоени бода, осум зад лидерот Ливерпул. Викендов Нотингем славеше 0-2 на гости кај Евертон а едниот од головите е кандидат за гол на месецот.
Домашната и меѓународна фудбалска сцена, од 2025-та ќе биде драстично ослабена во секторот делење правда. Но само на терен, бидејќи тој викна ВАР. Останува во судиската фела со друга значајна улога. По последниот судиски танц на Драгао во Порто, македонскиот Пјерлуиџи Колина зборува за Офф.нет. Направи кариера за книга. Честитки и од нас, после оние од Андре Вилаш Боаш.
На детево не му треба пакетче за Нова година. Го доби од Аморим, а тоа е прошетка во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед. Малиот го пречека португалскиот стратег со подарок и потоа веројатно очекуваше само фотографија со него. Ама овој со еден потег му ја направи годината.
Милан и Рома немаа причина да бидат задоволни од нерешениот резултат, со оглед на тоа што првите се осми, а вториве десетти на табела. Сатисфакција за гостите им преостанува она што го проиграа кога ги поставија конечните 1:1. Дибала е познат по ваквите неодбранливи егзекуции, ама асистенцијата на Довбик е нешто посебно.
Со головите на Савињо во 21-ва минута и Халанд во 74-та Манчестер Сити конечно победи во Премиер лига, овојпат 0-2 против Лестер на гости. Сити беше долг период во тешка резултатска криза со преку 10 неповолни резултати во сите натпреварувања. Сега се 5-ти на табела и веројатно целта ќе им биде пласман во Лига на шампиони следната сезона. Пеп доби силен ветар во грб од навивачите на Сити.
Јувентус и Фиорентина одиграа 2-2 во дербито на колото во 18. коло на Серија А. Ова е дури 11-то реми за бјанконерите сезонава. Голманот на Фиорентина Давид Де Хеа кој од коло во коло покажува дека е меѓу најдобрите голмани во Серија А, синоќа направи чудесна одбрана по шутот на Душан Влаховиќ кој остана во неверување.
Милан и Рома одиграа 1:1, натпревар по кој веднаш е отпуштен Пауло Фонсека, кој очигледно не ги оправдал очекувањата. Португалскиот стратег им потврди на новинарите дека заминува. „Да, зборував со раководството, не сум повеќе дел од Милан. Тоа е, свесен сум и смирен дека направив сè што можев“. Милан е осми на табела со 27 бода и натпревар помалку.
Легендарниот Драгослав Шекуларац, роден во Штип 1937-ма, има играно во Србија, Германија, САД, Колумбија, Франција и Канада. Барем така стои на Википедија. Не е лошо да се истражи и ова:
Парма ја совлада Монца со 2:1 со гол во 98 минута. На 15 минути до крајот на мечот настана конфузија пред голот на гостите. Судијата досуди пенал, а кога Адријан Бенедичак тргна да го изведува, судијата се пишмани и отиде да гледа забавена снимка. Свирежот уствари не беше знак за изведување на ударот, туку за ВАР. Циркузи.
Бобан Николов пред 3 и кусур години во подкастот на Лазаров откри јака случка од атобусот со кој се враќале во хотел по последниот меч на Пандев против Холандија на ЕП 2020. Ја потврди и самиот Пандев. Жозе му се јавил, плачел, па му спуштил. Каков респект кон нашата легенда.
Горан Пандев и Ацо Стојков во 2001-ва година станаа дел од Интер Примавера, откако беа забележани од скаути за време на турнирот во Вијареџо, каде ги однесе бате Ване со тимот на Беласица. Следната сезона 2002/2003 заминаа на калење во третолигашот Специја. Гоче има пикантерии за раскажување од тоа време, кога имале 19 години и немало како да одат на тренинг.