Фудбал

Ал Наср елиминиран во ЛШ, Роналдо ја има утката на кариерата

Со гол во 118-та минута, Кристијано Роналдо го спаси својот тим и го однесе во продолженија, но сето тоа паѓа во вода.

Лист, камен, ножички

Феенорд со 3-0 го совлада Хераклес во 25. коло од холандската Ередивизија. Тимот од Ротердам и натаму е втор на табела со 59 бода, 10 помалку од лидерот ПСВ Ајндховен кој има 69 и е неприкосновено прв. Пред еден слободен удар домашните од Феенорд играа лист, камен, ножички за да решат кој да го изведе.

Најкалливиот шеснаесетник во историјата на фудбалот се наоѓа во Хрватска

Нестварни сцени ни доаѓаат од второлигашката хрватска пресметка меѓу Змијавци и Зрински каква што досега не сме објавиле. При резултат 0:0, домаќините добија пенал за кои се обидуваа прво да создадат услови за удар од белата точка, која патем и ја немаше. За комедијата да биде целосна и спремна за ширење на сите сајтови и социјалните мрежи поврзани со фудбал се погрижи изведувачот по име Прскало. Го издиша голманот бе.

Меси не даде гол, ама затоа Алба даде прекрасен

Интер Мајами изгуби 2-3 од канадски Монтреал на домашен терен. Домашните во 71-ва израмнија на 1-1 но гостите во 75-та минута и 78-ма го решија мечот. Жорди Алба само намали во 80-та минута со прекрасен гол на асистенција на Серхио Бускетц.

Гнабри поднесе кандидатура за гол на сезонава во Бундес

Баерн Минхен го понижи Мајнц со 8:1, Кејн постигна хет-трик и стаса до неверојатни 30 гола по 25 кола, а она што се издвои викендов во Германија и општо на цела фудбалска меѓународна сцена е потегот на Серж Гнабри. Вакви велемајстории можеби потипични за некои акробатски игри на тренинг, ретко на кој му успеваат во игра.

Фудбалска неинтелигенција 3.0

Некогаш на човек не му треба да оди во театар или кино, зошто најдобар циркус може да види на просечен фудбалски натпревар. Пазете сега ова, во 2. коло од новата сезона во фудбалското првенство на Узбекистан, клубот Аниџан со 5-1 го совладал Буњодкор. Во 34’ минута од првиот дел, гостинскиот фудбалер Исмоналиев повеќе во мајтап допира со нога домашен фудбалер. Соиграч на вториов го убедува да падне на земја и гостинскиот играч добива црвен картон при резултат 1-1.

Видовте ли Луиз Диаз што им направи на Вокер и Родри?

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 1:1, резултат со кој прв на табела изби Арсенал. Пратете го убаво сега тркот и дуелот на Луиз Диаз со Кајл Вокер и Родри. Едниот ќе заврши на земја, другиот ќе го загуби компасот. Ги изеде.

Туку брат му на Белингем каков еврогол даде

Во дуелот меѓу двата клуба од Чемпионшип кој често играа и во Премиер лига, Саутемптон со 4-2 го совлада Сандерленд. Гостите во 71-ва минута имаа 2-2 кога брат му на големата суперѕвезда на Реал Мадрид Белингем, Џоби Белингем (18) постигна прекрасен гол во стилот на постариот Џуд.

Сон Мин - градска чистота

Астон Вила - Тотенхем 0:4. Вила Парк ниту е негов стадион, ниту му е спалната соба од дома, вецето или кујната. Азиска култура е тоа, нешто несфатливо за Европа.

Првпат во фудбалот - судија на цел стадион му ја објасни ВАР одлуката

Португалскиот фудбал стана прв во историјата во кој главен арбитар на меч гласно ја објасни својата одлука по гледање ВАР. Објаснувањето на судијата Фаабио Верисимо на мечот Рио Аве - Брага  (0:0) во 25. коло од португалската Примеира е историско во европскиот фудбал.

Го имаме ли голот на сезоната во Серија А?

Џенова и Монца одиграа ефикасен натпревар кој заврши 2:3, а мајсторлукот каков што би го посакал секој играч на планетава барем еднаш во кариерата, го има Дани Мота. Спектакуларна акробација за сите пари.

Барди со волеј од 20 метри го измами голманот

Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.

Ваков аут не се гледа често

Дваесет и две годишниот ирански фудбалер Фардин Рабет кој игра во полскиот третолигаш Олимпија Грудзаж, фрла аут на неверојатен начин.

Меси за малку избегнал сериозна повреда

Со голови на Меси и Суарез, Интер Мајами избегнал пораз од Нешвил кој водел 2-0 во таканаречениот Куп на шампиони. А Лионел избегнал и незгодна повреда откако еден одбранбен играч на Нешвил, Лукас Мекнотон крајно несмасно се обидел да исфрли една топка и опасно го нагази Меси со цело стопало.

Само Клоп знае вака да одговори на прес

Цар број 1 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 2 за прес конференции е Јирген Клоп. Цар број 3 за прес конференции е Јирген Клоп...Колку само ќе фали оваа харизма кога ќе замине летово од Ливерпул. Одиме со најновото од синоќа после мечот во Лига Европа кој го доби со 1:5 против Спарта Прага.

Какви голчишта распали Дарвин Нуњез!

Ливерпул продолжува да меле секого и секаде. Црвените играат во неверојатна форма а тоа го докажаа и на гостувањето кај Спарта Прага во првиот меч од 1/8 финале на Лига Европа каде славеа убедливо 1-5. Дарвин Нуњез постигна два неверојатни евроголови.

Бато вие на другиот гол напаѓате

Глазгов Ренџерс имаше одличен резултат од 1:2 на гоствуањето против Бенфика во ЛШ, ама сè до 68 минута кога се испостави дека дефанзивецот Конор Голдсон не е повеќе од нивна. Погледнете го царот колку само профи го изведе ова.

Обамејанг мајсторе ваков лоб не се гледа секој ден

Фаворитите растурија синоќа во Лига Европа и тоа ефикасно. Меѓу нив и Олимпик Марсеј кој со 4:0 го декласираше Виљареал во првото осминафинално соочување. Обамејанг постигна два гола и е прв стрелец сезонава во ова натпреварување со 9 комада. Потребни се добар нишан и голгетерско чувство за ваква мајсторија.

Меси распали од 20 метри, Суарез погоди во 95-та минута

Само 5 дена откако го торпедираа Орландо со 5:0, како двојни стрелци, ветераните од Аргентина и Уругвај повторно стрелаа за Интер Мајами. Во Купот на шампионите, каде играат екипи од Северна и Централна Америка и Карибите, губеа 2:0 од Нешвил, но Меси во 52-ра и Суарез во 95-та го спасија тимот од пораз.

Пандев главен комичар во автобусот на Интер

Легендите на Интер синоќа го одиграа пријателскиот меч против легенди собрани од Грузија. Се појави снимка од автобусот каде се екипираат. На менито имаше пиво и смеење за кое беше задолжен наш Горан.

Пандев настапи со легендите на Интер, Фиго на 51 година приреди атракција со фелш

Грузија имаше чест да нагости дел од незапирливата банда на Мурињо која пред 14 години ја освои историската тројна круна, како и некои постари ѕвезди од рангот на Луис Фиго. Прв меч на Гоче 11 на 11 откако е во пензија.

Сите шанси на Опенда со Реал Мадрид

Реал Мадрид искусно и рутински го елиминираше РБ Лајпциг во двомечот од 1/8 финалето од Лига на шампиони. И по признание на Карло Анчелоти, екипата одиграла слабо за што и заслужени биле свирежите од трибините по крајот од мечот. А истиот меч долго ќе го памети 24-годишниот белгиски напаѓач Луис Опенда кој имаше неколку големи шанси да го совлада Лунин и да се прослави на „Сантијаго Бернабеу“.

Кои се најдобрите 11 на сите времиња според Чет Џи-пи-ти?

Компјутерската вештачка интелигенција одговори многу искусно на прашањето од насловот и извади страшно силен состав од кој страв да те фати. Е сега секогаш, на секоја тема ќе има коментари, а дел од нив на кои налетавме се зошто го немало вистинскиот Роналдо Назаиро, наместо Георгина Роналдо, потоа Рамос, Роберто Карлос, Роналдиљо, Иниеста, Чави.

Најбрзите рекордни голови во најдобрите европски лиги

Времето е вечен сопатник на големите моменти во спортот. Скоро сите повеќе ги паметат головите во последни секунди, а ретко кој се сеќава на стрелците на рекордно најбрзите погодоци во најдобрите лиги.