Фудбал

Пусти Онана, со рака не може да погоди играч

Кај не ја изведе како што треба, па уште и жолт картон доби неговиот соиграч, а сето тоа се случува во 90-та минута при резултат 1:0 за Тотенхем.

Асистенцииште на Муани кој го ископира Зидан

Јувентус е во фина серија од четири победи по ред. Го доби и дербито на Италија против Интер со 1:0. Стрелец Консеисаио во 74-та минута. Обрнете внимание што му претходеше на голот. Коло Муани, дами и господа. Фантазија од потег.

Фантастичен гол на Антони, трет пат по ред е избран за играч на натпревар

Навивачите на Манчестер Јунајтед како да претчуствуваа што може да се случи со Бразилецот. Тој беше еден од најслабите играчи во нивната екипа во претходните пар сезони а дојде за астрономска сума од преку 100 милиони евра од Ајакс. Сега во Бетис на позајмица растура во само неколку недели.

Фудбалер од Мали ја има мајсторијата број 1 на колото

Мамуда Сангаре член на Рапид Виена и репрезентативец на Мали, сам си ја намести, сам се избори за акробација. Секоја чест мајсторе за потегов.

Белингем сега ќе го олади малку тоа „фак оф“

Реал Мадрид одигра само 1-1 кај Осасуна на гости а еден од највиновните за таквиот исход е англискиот репрезентативец Џуд Белингем кој во 39' минута ги остави на цедило своите соиграчи откако доби директен црвен картон. Во вулгарни обраќања кон судиите веќе некое време користи непристојни зборови. Главниот судија им објасни на Модриќ и Винисиус што му викал Белингем.

10 репетиции не го објаснуваат ова

Ние ќе заклучиме дека детево еден ден ќе има понуда од Реал, Барса, Баерн, Сити, Јуве..., а за потегот најдобра илустрација е реакцијата на судијата.

Хулк уште има топ во ногата

Неверојатниот ветеран Хулк со два гола за својот Атлетико Минеиро во 58-ма минута од пенал и 65-та од слободен удар го реши Томбенсе во бразилското првенство Минеиро. 

Деби на Елмас со мајсторлук за 3 минути игра

Кога направи кам бек во Серија А, кога постигна гол? Елиф Елмас имаше супер деби настап за Торино. Влезе во 62 минута, даде гол во 65-та и тоа мајсторски, откако ги понижи и чуварот и голманот за предност на гостувањето против Болоња од 1:2.

Дали е на една или две нозе, Боги решета за три поени

По пет минати години во Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ на 6 февруари е трејдуван во Лос Анџелес Клиперс. Веднаш влезе во погон и почна да ги шамара противниците со јаки тројки, па дури и на една нога.

Фудбалерите на Барса отишле на лудо тест возење

Компанијата Купра е еден од водечките спонзори на фудбалскиот клуб Барселона со кого има договор до 2029-та. Купра е под закрила на шпанскиот гигант СЕАТ и произведува возила на електричен погон. Им дале на Каталонците да ги пробаат. Гави возеше ко бесен.

Руни и Сидорф: Цела одбрана му е повредена на Анчелоти и пак се снаоѓа и не се жали

Руни и Сидорф прават муабет за Карло Анчелоти, ептен на место, за кој како никој да не зборува. Тоа умешноста да се скрпи позади и воопшто да не кука за специфичната ситуација во која се наоѓа. Во Реал Мадрид недостасутва цела прва постава во дефанзивната линија: Карвахал, Алаба, Рудигер и Милитао, плус повреден е и Лукас Васкез. А први се во првенство, додека во првата плејоф битка од ЛШ го добија Сити на гости 2:3.

Наскоро во Париз може ќе има големо „дерби на 20 метри“

Во Париз покрај ПСЖ има уште еден фудбалски клуб Париз. Во моментов е втор во втора лига со 43 бода и со одлични шанси на крајот од сезоната да обезбеди пласман во најдобрата француска Лига 1. Управуван е од милијардери, поддршка имаат и од Ред Бул а потпишаа договор за користење на стадион на неколку метри од култниот „Парк на принцовите“ на ПСЖ.

Мајсторија на вечерта

АЗ Алкмар го распарчи Галатасарај со 4-1 во првиот натпревар од нокаут фазата во Лига Европа. Дваесет и четири годишниот Свен Мејнанс го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар, најубав на вечерта во Лига Европа.

Ал Наср не е само Роналдо, погледнете како се игра соло во контра

Ал Наср го совлада Ал Ахли на гости со 2:3. Двоен стрелец на стредбата е 21 годишниот Џон Дуран кој пристигна во јануарскиот преоден рок од Астон Вила. Колумбискиот напаѓач тргна храбро сам, ги изеде противниците и ги фрли во делириум навивачите. Прекрасно одиграно.

Антони пак даде убав гол, најсериозно

Го утепаа од заебавање по социјални мрежи додека играше за Манчестер Јунајтед. И со право. Скоро 100 милиони му исплатија на Ајакс за него и ништо не покажа. Од 25 јануари е на позајмица во Бетис и веќе има два фини гола.

Каква е оваа прослава на Манчини?

Џанлука Манчини од Рома е познат како чуден и насилен лик, кој повеќе пати тоа го покажал пред камерите. Погледнете што му правеше на Томазо Балданци, откако му даде гол на Порто. Несфатливо.

Страшна ракета во Копа Либертадорес

Во Јужна Америка многумина учат и ги копираат проектилите на Роберто Карлос. Последен таков беше испукан на мечот Ел Национал и Блуминг. Перфектно ја зафати.

Ирец е нов најмлад стрелец во историјата на еврокупови

Шамрок Роверс го направи најголемото изненадување на неделата откако со 0-1 го совлада норвешки Молде на гости во првиот дуел од Конференциска Лига. Голот за гостите го постигнал Мајкл Нунан. Со 16 години и 197 дена Нунан стана најмладиот играч во историјата на европските натпреварувања. Го урна рекордот и на Ансу Фати.

Скапоцен камен на италијанската носталгија среде Келн

Во Келн постои кафе бар по име Италија 90 на кој го има и логото. Интересно. Култен Мундијал кој потсеќа на Бреме, Матеус, Клинсман и другарите кои станаа светски прваци. Потоа на Марадона, Тото Скилачи, Роџер Мила, Ромарио. За нас тоа е враќање назад на неповторливата банда на Ивица Осим: Панчев, Савичевиќ, Пикси, Сушиќ, Станојковиќ, Бокшиќ, Просинечки, Шукер, Катанец...

Супер анегдота на Гулит, Ван Бастен и Рајкард од Милан

Фантастичното холандско трио Марко Ван Бастен - Руд Гулит - Франк Рајкард беше најзаслужно за еден од најубавите периоди во клупската историја на Милан кога со Ариго Саки освоија две европски шампионски титули по ред. Навивачите на Милан со убава носталгија се сеќаваат на ова време, а холандското трио се сеќава и на една анегдота.

Зошто Арне Слот доби црвен картон?

Лутите ривали Евертон и Ливерпул за последен пат одиграа големо градско дерби на култниот стадион „Гудисон Парк“ кој ќе оди во историјата затоа што „карамелите“ наскоро ќе се преселат на новиот модерен стадион чија изградба беше скоро финиширана. Синоќа дербито заврши 2-2 со луд гол во 90+10 минута на Евертон.

15 минути чекав надвор за пресов, фала ви пријатно

Милан со пораз го стартуваше двобојот во плејофот од Лига на шампиони, а по мечот Серџо Консеисао го напушти пресот по само едно новинарско прашање. Португалскиот стратег бил незадоволен што чекал играч на Феенорд да зборува 15 минути.