Фудбал

Роналдо погоди камерман со топка и го затетерави

Кристијано Роналдо вечерва го постигна својот 7-ми гол на последните 4 меча за Ал-Наср и е лидер на листата стрелци во тамошната лига. Ал Наср со 1-4 го совлада Ал-Рад (три гола им дале во вториот дел). Гол дал и Садио Мане а Роналдо во еден момент од слободен удар во глава го погодил камерманот зад едниот гол.

Две мајстории на Душан Влаховиќ, Јувентус го скроти Лацио

Со два гола на српскиот центарфор и еден на италијанскиот репрезентативец Федерико Кјеза, Јувентус со 3-1 го згроми Лацио и ја продолжи одличната атмосфера во новата сезона.

Интер му нанесе историски дебакл на Милан, Пиоли рекордер

Интер по петти пат по ред му го зема скалпот на градскиот ривал, а вечерва го забележа еден од најголемите триумфи против Милан во историјата: 5-1. Резултатот го отвори Михтарјан, Тирам зголеми на 2-0, Леао намали а до крајот со росонерите си поиграа уште и Михтарјан по втор пат, Чаланоглу и Фратези.

Шевченко и Џиџи Буфон од пенал како некогаш

Двете енормни легенди поради кои генереции и генерации го засакаа фудбалот, сега се сретнаа на мечот од хуманитарен карактер организиран во Словенија од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин, со цел помош на луѓето загрозени од неодамнешните поплави. Џиџи и Шева одново беа очи во очи од пенал точката како пред две децении во финалето на Лига на шампиони меѓу Јувентус и Милан.

Интересна промоција на Кореец во Ц. Звезда со смешно новинарско прашање

Репрезентативец на Јужна Кореја Ин-Беом Хванг стана официјално најскапиот играч во историјата на Црвена звезда која за него на грчки Олимпијакос му плати 5 милиони евра за трансфер. Хванг веќе потпиша со црвено-белите и ќе игра во Лига на шампиони.

Бензема еден на еден со голман, необјасниво

Карим Бензема го реши Ал Ахдуд со колено и му донесе 3 бода на Ал Итихад. Ама што му се случи при оваа акција? Ова е она кога за неискусен клинец се вели: Се уплаши да не даде гол.

Враќајте го Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ја заврши играчката кариера и ужива во слободното време. Уште нема најавено спектакуларен проштален меч на кој сигурно ќе дојдат најголемите светски ѕвезди. А дека е во форма и на 41 година доказ е најновото видео кое го објави ѕверот.

Фото и видео од дворецот на крал Меси во Мајами

Сајтот специјализиран за вести од недвижностите во САД, The Real Deal соопшти дека Лео Меси и Антонела Рокуцо купиле неверојатно луксузно живеалиште на брегот во градот Форт Лодердејл близу Мајами.

Тиафо збесна на Дејвис Купот и го лупаше рекетот од земја

САД загуби од Холандија во Дејвис Купот, а мечот го одбележа агресијата на Франсис Тиафо кој збесна поради една судиска одлука и го загуби последниот поен од Холанѓанецот Талон Грикспор. Во решавачкиот сет при негатива од 6:2 во тајбрејк, Тиафо го удираше рекетот од земја, за што доби казнен поен кој знаеше 7:2 и победа од 2:1 за Грикспор.

Голем македонски талент потпиша за Џенова каде Пандев е легенда

Шеснаесет годишниот Тома Георгиевски потпиша за најстариот клуб во цела Италија, Џенова. За овој колектив до скоро играше нашиот најголем фудбалер на сите времиња Горан Пандев кој таму остави голема трага.

Бензема со гол со колено за победа

Ал Итихад победи на гости кај Ал-Ахдуд со 0-1 а единствениот гол за лидерот во Саудиска Арабија го постигна Карим Бензема во 72' минута. Ова е трет погодок на некогашниот капитен на Реал Мадрид но трет на последните четири средби. 

Португалија мотивира наталитет со Европско првенство 2024

На 9 месеци до почетокот на Евро 2024 во Германија, Португалците решиле да го мотивираат наталитетот со тоа што секој кој ќе добие бебе во периодот околу Европското првенство, ќе добие еден месец платено родителско отсуство.

Дебел е, никогаш не играл фудбал, ама ако ви дадам 20.000 евра ќе игра?

Со пари сè се купува, па дури и место во тим за синот кој никогаш не фатил топка во живот. Фудбал играл само на плејстејшн.

Ла Лига стана спонзор на Ланваирпуллгуинхил-лгогерихуирндробул-лллантисилиогогогох

Не, не е ништо погрешно со насловот. Станува збор за велшки клуб од петта лига чие име е составено од 58 букви! Шпанска Ла Лига реши да го спонзорира овој необичен клуб.

Асистенција на колото

Во пријателска средба одиграна во Дортмунд, Германија со 2-1 ја совлада Франција. Стрелци на головите за домаќинот беа Томас Милер и Лирој Сане а Антоан Гризман од пенал за гостите во 89-та минута. Потегот на мечот го имаше фудбалерот на Борусија Емре Џан.

Какво голчиште паднало во Хондурас луѓе

Во 2. коло од Лига Нации во КОНКАКАФ Зоната во Северна Америка, Хондурас со 4-0 ја совлада Гренада. Гостите се држеле некако 45 минути но во судиско продолжение од првиот дел, Едвин Родригез го отворил резултатот со многу, баш многу моќен гол!

Ќерка му на Пепе?

Памет за друг пат кога ќе ви фали човек за фудбал, да внимавате кого викате.

Што вика шкотскиот селектор за Мегваер?

Комшиското дерби меѓу Шкотска и Англија отсекогаш носело големи тензии. Така и синоќа, на пријателска средба, се исвиркуваа двете химни, се скандираа погрдни песни и се навредуваа едни со други. На крајот подобриот победи 1-3, со автогол на Хари Мегваер. Којзнае кој автогол му е во кариерата.

УЕФА прашува кој е гол број 1 во септемвриските квалификации?

Конкуренцијата се состои од Јасир Асани, Жоао Феликс, Леандро Тросард и Максим Самородов.

Како Игор Штимац со помош на астролог ја однел Индија во Азискиот Куп

Ако некој не знае каде е и што прави поранешниот играч и селектор на Хрватска, Игор Штимац, тој е селектор на Индија уште од 2019-та. Тимот го бирал на многу необичен начин. Мисијата успешна.

Тибо Куртоа како иснпирација за сите

Врвниот белгиски голман од Реал Мадрид на самиот почеток на сезоната доживеа тешка повреда на предните лигаменти на коленото и предвидена му е пауза од речиси една година. Но како тргнал Тибо ништо чудно да го скрати периодот на опоравок. Тој пред месец дена се венчал и наместо да оди на некои хавајски плажи, решил да тренира.

Јован Манев, новата голема надеж во одбраната на Македонија

Во септемвриските квалификациски натпревари, Боби Милевски повика неколку не баш познати фудбалски имиња, a меѓу нив и едно дете од Кочани кое годинава и дебитираше и стрелаше за репрезентација. Изгледа дека добиваме нов столб во дефанзива.

Момци џабе скокате, Халанд е тоа

Кај е висок 194 см и корпулентен, па уште и вади некој кошаркарски одраз и затоа постигнува многу вакви голови. Погледнете ја оваа надмоќност, тоест каде е тој во висина, а каде се другите. До свои 23 години веќе има 25 репрезентативни гола на 26 средби и плус 213 клупски. Норвешка - Грузија 2:1.