Македонија игра одлично прво полувреме против Англија и поведе со гол на Енис Барди во 41' минута од пенал. Словачкиот судија Филип Глова гледаше ВАР и досуди пенал по прекршокот на дебитантот Рико Луис над Бојан Миовски.
Во рамки од 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. 1-0 на полувреме, 1-1 крај.
Квалификациите за Евро 2024 полека стигнуваат до самиот крај. Како што македонската фудбалска селекција пред три години го оствари сонот наречен Европско првенство, така сега сонуваат две селекции кои за првпат во историјата би можеле сензационално да се пласираат. Нормално, ако направат чудо.
Големата ѕвезда на унгарскиот фудбал, Доминик Собозлаи од Ливерпул, синоќа постигна гол и еден наместо во триумфот на Унгарија од 3-1 над Црна Гора со што и официјално Унгарците се пласираа на Евро 2024. После мечот со навивачите Собослаи се напила палинка, овошна унгарска ракија.
И покрај тоа што ќе биде натпревар без резултатско значење, арената Тодор Проески вечерва ќе крца, а гостите доаѓаат во полн состав со посебен протокол и без тренинг, само со тегнење мускули во сала. Ни новата трева не отидоа да ја згазат.
Остајте вие евроквалификации и ѕирнете малку што се случува во африканските квалификации за СП 2026. Зимбабве одигра 1:1 против Нигерија и го постигна еден од најјаките слободни удари, веројатно во историјата на мундијалските квалификации. Валтер Мусона се вика стрелецот. Што удар ќе беше ова?
Во неделата вечер се одиграа девет меча од кои два беа решавачки, но и останатите беа исто интересни за следење. Македонија по гостувањето во Италија, вечерва ја чека Англија која веќе одамна е пласирана на Европско.
Најдобрата судијка, Французинката Стефани Фрапар веќе извесно време суди и во најпрофесионалниот машки фудбал. Под значка од УЕФА Фрапар суди натпревари од еврокупови и од квалификации за Европско. Синоќа делеле правда на мечот Лихтенштајн - Луксембург и уште во 3’ минута по прегледување ВАР го исклучила најдобриот гостински фудбалер Данел Синани.
Убавината се состои од тоа што ја прими на гради, му легна и ја распали како бомба, а мајсторијата во тоа што свртен со грб, немаше време за координација и поглед кон гол. Стрелецот е Пабло Лонго од шпанска петта лига.
Срле, Боки, Геле и Меџо се луѓето зад сцената, кои се грижат за рекуперација на нашите фудбалери и за што повеќе опуштени мускули пред натпревар. Ви ги претставува Џани, како ретко кога сериозен пред камера.
Французите беа безмилосни и помалку безобразни синоќа откако го прекршија аматерскиот фудбалски ривал Гибралтар со историски 14:0! Гостите играа со играч помалку уште од 18' минута, а Мбапе со хет-трик и Жиру со еврогол со ножички беа главни актери на дуелот.
Македонската фудбалска репрезентација стои во редот на оние ретки селекции кои имаат позитивен учинок со повеќекратниот светски шампион Италија. Од таа причина Италијанците не се залетуваат многу со изјави пред вечерашниот мегдан на „Олимпико“ во Рим.
Бугарија минува низ најкатастрофалниот фудбалски период. Репрезентацијата смени селектор но јавноста бара коренити промени во фудбалскиот сојуз и го обвинува првиот човек Борислав Михајлов за ужасно раководење со фудбалот. Со децении не виделе Европско ни Светско првенство.
Шведска доживеа прав потоп на гостувањето кај Азербајџан. Во Баку домаќинот со играч помалку од 54’ минута славеше со убедливи 3-0 и стави точка на катастрофалните квалификации на Швеѓаните кои претрпеа дури 4 порази и примија 12 гола. Играч на мечот беше Емин Махмудов кој постигна два гола од кои последниот на дуелот беше спектакуларен од пола терен за 3-0.
Фудбалерите на светскиот шампион Аргентина ја прекинаа серијата од 14 последователни победи. Капитенот Лионел Меси како ретко кога во кариерата изгуби живци и фати за врат противнички фудбалер.
Во 5. коло од квалификациите за Светско првенство, Колумбија со пресврт го совлада Бразил 2-1. Гостите поведоа рано уште во 4’ минута но јунак на вечерта беше ѕвездата на Ливерпул Луис Дијаз кој со два гола во рок од само 3 минути направи целосен пресврт. Од трибините го гледаа неговите ослободени родители кои беа киднапирани.
На денот на евроквалификациите, во Азија се играат квалификации за Светско. Јужна Кореја го декласираше Сингапур со петарда, а најјакото голчиште на средбата е дело на ѕвездата на Тотенхем, Мин Сон.
Со една сензационална победа, две нерешени и еден пораз Македонија има позитивен учинок против повеќекратниот светски шампион. Италијанската јавност и самата репрезентација се премногу внимателни кога зборуваат за овој меч.
Скоро и да немало континент и ќоше на земјинава топка каде што некој гледач не упаднал на терен да тргне да се слика со Роналдо или Меси на сред терен. Двајцата обично реагираат спротивно, едниот побурно, другиот посмирено.
Роналдо тука има 20 години, Кафу 35, значи 15 години постар и пак почит нула. Одговорот на еден од најјаките бразилски бекови во историјата беше едноставен, со еден потег.