Фудбал

Фудбалер на Бока Јуниорс доби црвен после 9 секунди игра

Во осминафинале на Копа Либертадорес Бока немаше среќа па немаше. Играа против бразилски Крузеиро. Првиот меч во Буенос Аирес го добија 1-0. На реваншот во Бразил, во 9’ секунда нивниот важен играч Луис Адвинкула доби директен црвен картон поради непромислен старт. Издржи Бока да изгуби 2-1 и да го однесе натпреварот на пенали но таму Мерентиел го промашил последниот пенал во серијата и Бока испаднала.

Давид Де Хеа му се врати на фудбалот после 447 дена

Некогашниот шпански репрезентативец и легендарен голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа конечно пак застана меѓу стативите. По долга повеќемесечна пауза, по точно 447 дена, шпанскиот голман го облече дресот на Фиорентина и дебитираше во плејофот за Лига Конференции кој заврши 3:3. Де Хеа дури три пати ја вадеше топка од својот гол па сега пред реваншот во Унгарија, виолетовите ќе имаат тешка задача.

Најнепосакуваниот противнички тим во историјата на фудбалот

Ги гледаме еден по еден и размислуваме, кој е овде најнежен или дали воопшто има таков? Премногу ли е ако кажеме топ 11 кољачи или тепачи? И уште едно прашање. Кој би бил адекватен тренер на тимов?

Дејан Бодирога vs Кармело Ентони

Ова балканциве од стално ги бивало за баскет, мајката.

Како Олисе го шина пола Манчестер Јунајтед

Мајкл Олисе летово беше главна трансфер цел на Баерн Минхен. 22-годишниот крилен напаѓач дојде кај Баварците за вртоглава сума од 53 милиони евра. Лани даде неколку гола и имаше неколку асистенции а се прослави откако направи дар-мар во триумфот 4-0 против Манчестер Јунајтед. Снимено од камера на главниот судија што беше преседан во Премиер лига. Олисе на тој дуел даде два гола.

Добро, што е со човеков?

Давиде Фратези од Интер за време на прославата на вториот гол на Турам против Џенова за пресврт. WTF?

Еве ви пенали, победете ако не ви е срам

Во финишот на големото дерби во Венецуела меѓу Тачира и Каракас, судијата по прегледување ВАР му поништил речиси чист гол на Каракас. Гостинските фудбалери бурно реагирале, добиле и два директни црвени картони поради протести, но одлуката останала на сила и мечот завршил нерешено 1-1. Во фудбалската лига на Венецуела има необично правило секој меч кој ќе заврши 1-1 да продолжи на пенали каде ќе се реши победникот. Гостите од Каракас од револт шутирале далеку од голот, лежерно и намерно.

Премиерлигашки имиња конечно ги решија сите дилеми како се изговараат

Самиот Ерлинг Халанд кажува како се изговара неговото презиме и става дефинитивен крај на сите дебати и дискусии. Исто и Фернандеш, Дајч, Зиркзи и други.

Шкорпион на денот

Во Купот на Индија познат како Дуранд Куп, тимот на НортИст Јунајтед го совладал тимот на Индиска Армија со 2-0. Едниот од головите го дал 31-годишниот Шпанец Гиљермо, а неговиот погодок веќе влезе на листата најубави летово. Со удар „шкорпион“.

Роналдо избира меѓу Ѓоковиќ и Надал

Кристијано Роналдо пред помалку од 24 часа отвори Јутјуб канал. Бројките му се и повеќе од фасцинантни. Има преку 16 милиони следбеници и над 40 милиони кликови после 19 објавени видеа. Во едно од нив доби задача да избере меѓу два спорта или двајцата спортисти. Прашањето за Новак и Рафа се покажа како најтешко.

Бомбардиран голман

Првиот натпревар од осминафинале на Копа Либертадорес меѓу Стронгест од Боливија и Пењарол од Уругвај го добија домаќините 1-0 со гол од пенал во 44’ минута. Натпреварот во еден момент бил прекинат затоа што гостинскиот голман Вашингтон Агуере бил гаѓан со топовски удари, бакљи и петарди.

Замислете коментатор да го стават братов

Стварно требаше да му ја подадеш. Вака само нервози му правиш на батево.

Атлетико Мадрид направи фешта од презентацијата на новите засилувања

Хулиан Алварез од Манчестер Сити - 75 милиони евра. Конор Галагер од Челси - 42 милиони евра. Робин Ле Норманд од Реал Сосиедад - 42 милиони евра. Александар Сорлот од Виљареал - 32 милиони евра. Се потрудиле и повеќе од очекувањата. Право шоу.

Топ 5 играчи на Реал Мадрид според рангот на Роберто Карлос

Бразилската легенда доби 5 славни имиња кои треба да ги смести во табела од 1 до 5. Задачата воопшто не е лесна, со оглед на тоа кои му се паднаа.

Како е можно овој да игра во Премиер лига?

Па уште и во Челси. Се работи за Бенуа Бадијашил за кој Сините од Лондон, пази, на Монако во јануари 2023-та му платија 37 милиони евра. До крајот на првата сезона имаше 11 настапи во Премиер лига, а минатата сезона 18. Добро, што скаути ќе имаше овој Челси?

МЛС лига во САД и не е баш лига

На натпреварот Чикаго Фајр - Орландо Сити во американската МЛС имало многу смешен карамбол.

Најава за документарецот на Свен Горан Ериксон во кој се одјавува со проштална порака

76 годишниот шведски стратег со богата 42 годишна меѓународна кариера, на почеток на годинава соопшти дека има рак и дека не му преостанува многу време. За легендата очекувано ќе има документарец кој премиерно ќе биде прикажан на 23 август. Во него се појавуваат имиња како Манчини, Бекам и Руни.

15 години подоцна - сè уште најјака реклама во време на фудбал

Од година во година Лига на шампиони, Лига Европа а од скоро и Лига Конференции одат во пакет со добри, помалку добри и слаби реклами. Ама има една која и 15 години подоцна е врхунска. Првпат се појави за Супер Бол 2010 во САД.

Рафа Бенитез го мајтапи Карагер во студио

Шеесет и четири годишниот шпански тренер кој му донесе европска титула на Ливерпул, во студио со Гери Невил и Џејми Карагер збори за денешните луди суми кои се вртат во фудбалот. „Да сакате сега да купите играчи како Џерард и Кара, би ви требале 200 милиони... 180 за Џерард“.

Каде е и што прави Бобо Виери?

Одамна е смирен, се ожени, има и две деца. Или не?

Кои се најтрофејни клубови во европските лиги?

Линфилд од Северна Ирска со 56 освоени шампионски титули во својата земја е најтрофејниот клуб во европските лиги. Следи Ренџерс со 55 па сите останати. Го има и скопски Вардар со 11 шампионски пехари. Ова е дело на Фејсбук страната „Енглески фудбал“.

Конечно се дозна што се пее во химната на Лига на шампиони

Со бараж натпреварите за пласман во Лига на шампиони, синоќа започна елитниот турнир кој сезонава ќе има сосема нов, досега невиден формат во фудбалски рамки. Ќе дојде време и за тоа да го разглабиме. А сега во меѓувреме да го видиме новиот спот за новата сезона на ЛШ како и она што никој никогаш не го дозна. Што ли пејат во химната, на кој јазик?

Платини, Баџо, Дел Пјеро, Јилдиз - кој е младиот Турчин кој ја доби 10-та во Јувентус?

Јувентус го продолжи договорот со младиот талент, 19-годишниот Кенан Јилдиз до 2029-та година и веднаш направи потег со кој покажа колку му верува на младиот Турчин. Јилдиз дебитираше за Јуве пред помалку од една година, постигна по два гола во Серија А и Купот, а новиот тренер Тијаго Мота го гледа како клучен играч во новиот проект.

Романски изум за слободен удар

Михајловиќ се превртува во гроб.