Фудбал

Топка заврши во публика и направи непроценливо голема штета

Ова се гледа сега, па за 1.000 години. Ќе има и забавена снимка од инцидентот во кој загинаа две пива на две жедни души. Кој ќе ја плати оштетата?

Најјакиот црн хумор со Питер Крауч

Некогашниот расен голгетер на англиската репрезентација и на Тотенхем, Ливерпул и други англиски клубови, Питер Крауч (43) важи за еден од најјаките зафрканти на англиската сцена. Крауч е духовит, знае да прави шега на своја и на туѓа сметка, ама овојпат нешто и него му дошло претерано.

Голот е велемајсторски кога соиграчите се држат за глава

Франческо Фолино од Јуве Стабија е сам свој мајстор на италијанската второлигашка пресметка против Читадела. Ќе го памети евроголов и тој, а богами и тие околу него.

Никој не бил така исвиркан на „Олимпико“ како синоќа Ѕаниоло

Во дербито на вечерта меѓу Рома и Аталанта на затворање на 14. коло од Серија А, гостите од Бергамо славеа заслужено 0:2. Главен момент на мечот беше влегувањето во игра на некогашниот бисер на Рома Николо Ѕаниоло кој во многу лоши односи си отиде од Рим. Навивачите на Рома го свиреа жестоко кога влезе во игра во 64-та минута а тој им одговори со гол со глава во 89-та минута за победа 0-2.

Мурињо зграби како вреќа свој помошник

Се чини дека Жозе Мурињо полека ги скоцка работите во Фенербахче и фати чекор во трката за титулата со Галатасарај. Фенер сега е втор со 32 бода, а вечниот ривал е прв со 35 бода. Синоќа Фенербахче победи 3-1 против Газијантеп а Мурињо грубијански го влечеше својот помошник при еден прекин, со цел да се концентрира на тактиката а не на прекинот.

Танцот на Гризман во забавена снимка

Елегантниот Французин до толку има чувство за топка што понекогаш делува како балерина на сценски настап. Милина да го гледаш.

Топ 10 тренери без клуб

Ако некоја екипа остане без тренер, а сака адекватна или подобра замена, сигурно дека ќе ја најде во текот на оваа сезона. 

Контра напад во селска лига рамна на пародија

Прво имаше фаул на центар, ништо. Па стоперот истегна мускул, пак ништо. Врвот е се разбира пред гол, каде има и гледач во поминување кој пази, кучето си го шета. Сакате утеха? Во Полска е ова, не е кај нас.

Гатузо од радост рогаше топки во публика, Ракитиќ се соблече гол во кафана

Најголемиот темперамент меѓу италијанските тренери, спобудале од радување по последниот свиреж на големото хрватско дерби. Се појави снимка и од славејто после натпревар.

Полека бре, судијата го потепавте

Во дербито на 13. коло од француската Лига 1, Марсеј губеше 0-1 од Монако пред повеќе од 50.000 свои навивачи но на крај направи пресврт и славеше 2-1 со голови во 53-та минута и во 89-та минута од пенал. Претходно во првиот дел, во 20-та минута десниот бек на Монако Бразилецот Вандерсон го покоси линискиот судија кој при пад се повреди и го скрши знаменцето. Проба да продолжи да суди но не можеќе и побара измена.

Со грб бе ја штопна

Рајс Нелсон од Фулам на средбата со Тотенхем, се справи со топката на скроз неочекуван и ретко виден начин.

Вие оправајте се со судијата, на Салах му е гајле

Мохамед Салах игра во фантастична форма. Тој постигна гол или намести гол на секој од последните 8 натпревари против Манчестер Сити (6 гола и 4 асистенции) со што покажа дека англискиот шампион му е омилена мета. Синоќа во големото дерби на „Енфилд Роуд“ погоди од пенал во 78-ма минута. Пред пеналот додека ривалите се расправаа со судијата за одлуката, Мо си жонглираше.

Аца Лукас раскажува за забавите со Пандев

Славниот српски пејач ја открива банкнотата која Пандев му ја лепел како башкиш повеќе пати во една вечер, кога го викал да му пее во Струмица. Инаку прво мислел дека е Бугарин.

Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен, јавноста преплашена

Потресни сцени се случуваа на мечот Фиорентина - Интер во вечерниот термин од 14. коло во италијанската Серија А. Младиот фудбалер Едоардо Бове се сруши на теренот и итно беше префрлен во болницата. За среќа брзо се повратил и самостојно дишел.

Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, пируета на Гризман

Атлетико Мадрид го прегази Ваљадолид на гости со 0:5. Одиме веднаш на четвртиот гол на Антон Гризман кој си поигра во шеснаесетникот до толку атрактивно, што и домашните навивачи му ракоплескаа.

Привилегија е ваков гол да му дадеш на Баерн на 20 години

Сè повеќе клинци родени во новиот милениум, ја преземаат фудбалската сцена. Еден од нив е Џејми Гитенс, репрезентативец на Англија У-21. Немаше среќа да и донесе 3 бода на Борусија Дортмунд, со оваа прекрасна соло изведба, бидејќи една година постариот Мусиала ги постави конечните 1:1 на 5 минути до крај.

Графит ремек дело од најславното дете родено во Розарио

На 24 јуни 1987-та, Хорхе Меси и Селија Кучитини добија син кој потоа ќе стане најголемиот фудбалер на сите времиња. Уникатната фудбалска приказна почнува да се испишува во Њуелс Олд Бојс, во родниот град Росарио. Вака изгледа денес еден од графитите за Лео. Огромен и маестрално изработен.

Парола на денот за Бошњакот од Аталанта

Сеад Колашинац е роден во Германија, игра за селекцијата на БиХ, а неговите родители се Бошњаци, со потекло Црна Гора и БиХ. Уште Ла Лига му фали за да му влезат во биографија топ 5 европските лиги. Ги носеше дресовите на Шалке, Арсенал, Марсеј, а од лани е во Аталанта. Навивачите го изненадија со банер на кој има кратка и многу оригинална содржина.

Бојан гризе и дава голови на тренинг

Македонскиот напаѓач го разби малерот во Шпанија и после двата гола во Куп, три недели подоцна даде два и во првенство. Следната цел е гостувањето против Виљареал на гости во недела од 14:00 часот. Нишанот е наместен.

Малерот на Реал Мадрид кој како да е проколнат од повреди

Карло Анчелоти се соочува со доста специфична сезона, која сигурно не му е воопшто лесно да ја менаџира. Едно што се бори со интеграција на Мбапе во густиот напад, а второ со ненормалниот број на повреди.

ФИФА и официјално ги објави кандидатите за најубав гол во 2024-та

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објавува номинациите, кандидатите за разни награди кои ќе ги доделува на свечената церемонија која ќе се одржи во јануари 2025-та година. Ќе се бира најдобар машки фудбалер на годината 2024, најдобра женска фудбалерка за 2024, најдобар голман, тренер и она што нас најмногу нè копка - најубав гол за годината која изминува.

Онана како лоша копија на Ноер

Рубен Аморим дебитираше со победа од 3:2 на неговиот прв меч на Олд Трафорд, ама во класичен Манчестер Јунајтед стил. Водеа од 1 минута, па примија два комада во период од 4 минути, за потоа да направат комплетен пресврт. Но и резултат за победа не им беше сигурен, особено на 15 минути до крај, кога Андре Онана направи многу ризична екскурзија.

Голот на Матс Хумелс кој ги фрли во транс навивачите на Рома

Во дербито на 5. коло од Лига Европа, Тотенхем и Рома одиграа 2-2 пред повеќе од 60.000 гледачи на новиот „Вајт Харт Лејн“ во Лондон. Домашните водеа на два пати, а гостите се враќаа прво во 20-та минута па во 90+1' минута од судиското продолжение.