Фудбал

Хоселу - јунакот на Мадрид, го бодрел Реал од трибини со татко му пред две години

Фудбалот пишува романи. Како оној на 34-годишниот Хозе Луис Мато Санмартин или попознат како Хоселу. Ветеранот кој во Реал Мадрид е позајмен од Еспањол, клуб со кого испадна во втора лига, ги дочека своите 5 минути животна слава.

Модриќ во 85-та минута спречи водство на Баерн од 0:2

Што играч ќе беше Лука Модриќ? Освои 25 трофеи со Реал, во септември полни 39 години, младите го потиснаа и уште има желба и мотивација за игра. Цел терен го претрчна и им спречи чиста шанса за гол на Баварците.

Кавани на маестрален начин реши натпревар во 92-ра минута

По блескавата кариера во Европа, уругвајскиот ветеран не застанува со голови во дресот на Бока Јуниорс. И тоа како претплатен е на голчишта на свои 37 години. Во Копа Судамерикана погоди против Трининденсе на гости за конечни 1:2 во 92-та минута на спектакуларен начин.

Славјето на Реал Мадрид и песната на Анчелоти

Реал Мадрид е дефинитивно неуништлив. После бројни пресврти низ годиниве во самата завршница на Лига на шампиони против Челси, Манчестер Сити и ПСЖ, сега на ред им дојде и Баерн Минхен. Губеше Реал до 89' минута 0-1, за да во две минути направи целосен пресврт и да се пласира во финале на Лига на шампиони. Тоа беше причина за огромно славје на играчите, навивачите и тренерот Карло Анчелоти кој ја пееше клупската химна.

Кралот е жив, пропаст за Баерн Минхен во две минути

Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до уште едно големо финале на Лига на шампиони откако вечерва на неверојатен начин, само онака како што тие умеат, го урнаа Баерн Минхен кој имаше водство до последните моменти од мечот.

Убавата страна на фудбалот со стратегот на Борусија Дортмунд

Во 12 години долг и ултра богат арапски проект, Парижаните за тренери ги имаа Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие, Луис Енрике. Никој од нив нема испишано приказна како Един Терзиќ.

Марко Ројс во ултрас издание

При Манчестер Сити, Барселона, Интер, Атлетико Мадрид, ПСЖ кој очекуваше дека токму Борусија Дортмунд ќе биде првиот финалист сезонава во Лига на шампиони. Нека им е алал. Само двајца актуелни играчи беа дел и од она финале во 2013-та кога се сретнаа со Баерн, Марко Ројс и Матс Хумелс

Борусија Дортмунд е прв сензационален финалист во ЛШ

По пауза од 11 години, Борусија Дортмунд обезбеди неочекуван пласман во финалето од ЛШ кое се игра на 1 јуни на Вембли, откако одново го победи ПСЖ со 0:1. Ги реши Хумелс на 35 години и настана најстар германски стрелец во нокаут фаза. Малерот на Парижаните продолжува.

Олимпик Марсеј го има најјакото видео во еврокупови

Некогашниот европски првак игра во полуфинале на Лига Европа. Првиот меч против Аталанта заврши 1-1 а сега ги чека реванш во Бергамо. Пред првиот натпревар луѓето од маркетингот на Марсеј снимиле чудесна најава.

Жестока и до сега невидена италијанска битка за 8, 9 па и 10 места во Европа од кои само 2 се решени

Само Интер и Милан имаат математички обезбеден пласман во ЛШ, каде за брзо време би требало да им се приклучат Јуве и Болоња. За петтото место викендов ќе се игра директен дуел. Постои сценарио и со шести италијански претставник.

Најсовршениот пенал на сезоната

Агер Акетче е еден од оние прави мајстори со топката. Игра за Еибар, баскискиот клуб кој во моментов е во втора лига и се бори за пласман во прва Ла Лига. На четири кола до крајот имаат добри шанси. Во неделата ја совладале Аморебиета 5-0 а Агер Акетче го извел најдобриот пенал на сезоната во најдобрите европски лиги.

Овие па...

Манчестер Јунајтед остана целосно без компасот кој милиметар не смееше да му мрдне на незаменливиот Сер Алекс Фергусон. Се надминаа себе си сезонава. Имаат повеќе примени голови од дадени.

Што стори бе голман?

Автогол на голман во Унгарија втора лига и тоа во 93-та минута. Полошо не можеше да реагира.

Спортинг е нов шампион на Португалија - Лисабон обоен во зелено

Фудбалерите на Спортинг Лисабон ја освоија 20. шампионска титула во нивната клупска историја откако сјајната сезона ја крунисаа синоќа со победа од 3:0 против Портимоненсе. Во меѓувреме и Бенфика изгуби па „лавовите“ и теоретски ја обезбедија па прославија титулата.

Феноменален гол на најголемиот талент во Јужна Америка

Индепендиенте дел Ваје со 1-0 го совладал Депортиво Куенка во Еквадор, а единствениот гол на мечот го постигнал чудесниот талент на Индепендиенте, Кендри Паез. Овој фудбалер на 4-ти мај пред неколку дена наполнил 17 години. Челси за него на почетокот на јуни минатата 2023-та година платил 10 милиони евра а Кендри Паез во Лондон ќе се пресели на лето 2025-та година.

Баер Леверкузен со петарда на гости стигна до 48-ми меч без пораз

Новиот германски шампион Баер Леверкузен продолжува да ја воодушевува светската фудбалска јавност, откако го совлада Ајнтрахт Франкфурт на гости 1-5 во 32. коло од Бундеслига и ја продолжи неверојатната серија.

За врвна имитација на Анчелоти клик тука

Тежок е за имитирање, ама овој му ги фатил спецификите и го кине во секој покрет, особено во начинот на радување за гол.

Девојко, па ти си ѕвер

71 од 71, неверојатно. Признаваме, ние не ги знаеме сите.

Човекот што учеше од многу тренери, седна на клупата на Ипсвич и го внесе во Премиер

Тренерот на Ипсвич, Ирецот Киран Мекена направи чудо откако овој клуб прво го внесе од трета во втора лига, а сега и во елитната и богата Премиер лига. Ќе се мери со Гвардиола, Артета и најдобрите премиерлигашки тренери.

Меси е луд, даде гол и направи 5 асистенции за едно полувреме, а Суарез оствари хет-трик за 12 минути

12 натпревари и 11 асистенции по првите 11 кола од стартот на сезоната, рекорд на еден играч во историјата на МЛС лигата.

Нов перфектен хет-трик на Роналдо

Со десна, со лева и со глава - хет трик во фудбалот познат како перфектен. Во 30. коло од саудиската Про лига, Ал-Наср со 6-0 ја совлада Ал-Вехда. Кристијано Роналдо постигна три гола, а по 1 Отавио, Садио Мане и Мохамед Ал-Фатил. Португалецот стигна до бројка од 32 гола на 27 меча во саудиската лига а има и 10 асистенции. Ова беше трет хет-трик за Роналдо на последните седум меча, дури 66-ти во кариерата а тој полека се приближува до фасцинантната бројка од 900 гола во кариерата.

Абердин се спаси од испаѓање благодарение на Бојан Миовски

На неверојатната голгетерска серија на Бојан Миовски и нема крај. Гол број 25 сезонава.

Ретко видена измама на Барди од слободен удар

Му тргна на Енис Барди во последно време. Две кола по ред постигнува мајсторски погодок.