Фудбал

Браво девојко

На дуелот меѓу женските екипи на Вестерн Сиднеј и Перт Глори во австралиската женска А-лига кој заврши 4-1, домашната фудбалерка Грејс Махер постигнала неверојатен гол од корнер. Ова и на ретко кои машки фудбалери им успеало.

Среќен роденден Ален Бокшиќ, какво играчиште беше

На 21 јануари 1970-та е роден Ален Бокшиќ, еден од најдобрите хрватски напаѓачи во историјата, кој после Хајдук и Марсеј, направи кариера во Серија А во дресовите на Јуве и Лацио. Ах колку го мачеа повреди, инаку ќе беше уште појак. Има едно ремек дело од него од средбата Лацио - Сампдорија, кое не се заборава.

Мурињо претстави свое вино

Тренерот на Фенербахче, трофејниот Мурињо во 2004-та година само што дојде од Порто во Челси, тогаш пред новинарите рече: „Ве молам не ме викајте арогантниот, но јас сум европски шампион и мислам дека сум посебниот“. Од тогаш го носи прекарот „Посебниот“. Таков бренд на вино извади сега. Една флаша ќе чини 120 евра.

Последните 11 киксови на Онана

Како Манчестер Јунајтед „ја реши“ голманската позиција? Се откажа од Давид де Хеа, сметан за еден од најдобрите во светот, кој беше на Олд Трафорд 12 сезони со преку 500 настапи, за да го доведе Андре Онана, кој никако не може да влезе во иста класа со Шпанецот. Плус да не зборуваме во ваква форма брани Де Хеа во Фиорентина.

Виљареал со Мајорка ко на тренинг, 4 гола за 8 минути

Во дуел на екипите кои котираат многу високо на табела во Ла Лига, Виљареал (5-то место) и Мајорка (6-то), домаќинот славеше со 4-0. Фудбалерите на Виљареал ги дадоа головите од 20-та до 28-ма минута и ја завршија работата експресно.

Лука Модриќ и гигантската змија

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ празничните денови ги минал во Дубаи со семејството, а дел од слободното време го искористил да го посети и познатиот Зоолошки парк „Фејмпарк“ во сопственост на милијардерот Саифа Белхасе. Модриќ таму хранел тигар и позирал со огромен, гигантски питон.

Конкурсот за автогол за 2025-та е затворен

Само 20 дена од стартот на новата година, во англиската седма лига падна најјакото, надреално забивање во сопствениот гол. Стрелец? Голманот.

Дете од Гостивар го издрибла обезбедувањето и стигна до дрес од Мбапе

10 годишниот Реис Фејзи од Гостивар е малиот за кој пишуваат многу светски медиуми. По крајот на средбата меѓу Реал Мадрид и Лас Палмас, која заврши 4:1, тој успеа да влезе на терен и да добие дрес од својот идол Килијан Мбапе, кој постигна два гола. Доживотно ќе го раскажува ова искуство.

„Ој Вардаре македонски“ ечи во Анталија

Фудбалерите на Вардар се спремаат за пролетниот дел од сезоната во Турција, Анталија, како и многу пати до сега. Задолжен за одржување на атмоферата во тимот е Филип Гачевски, кој ги мотивираше соиграчите со неофицијалната химна на клубот.

ВАР на Реал Мадрид му поништил 32 гола, убедливо најмногу од сите клубови

Реал Мадрид нема к'смет со ВАР-от па тоа ти е. А судија викне ВАР, голот е скоро сигурно поништен.

Судија сакаш кеш или со картичка?

Нотингем Форест го совлада Саутемптон со 3:2 и не се дава со 44 бода, исто колку што има Арсенал на втора позиција. Домашните навивачи се мајтапеа и се обидоа да го подмитат судијата Ентони Тејлор, кога одеше да гледа ВАР.

Реал Мадрид прими гол во 27-ма секунда, па Мбапе режираше пресврт

Дваесет и две годишниот Португалец од Лас Палмас, Фабио Силва е стрелец на еден од најбрзите голови во историјата на шпанскиот фудбал откако денес после само 27 секунди од судиската свирка за почеток му даде гол на Реал Мадрид.

Мексикански навивачи го задеваа Меси, им врати со гестикулација

На пријателски натпревар меѓу Интер Мајами и мексикански Клуб Америка кој заврши 2:2, Лео Меси постигна гол во 34-та минута. Присутните мексикански навивачи скандирале против Аргентинецот кој им гестикулирал со прсти дека неговата земја има три светски шампионски титули а Мексико нула.

Најлошата голманска проценка на сезоната

Што да правам, сонцето ми одеше директо во очи. А тоа ноќе. Инаку се работи за голманот на Реал Сосиедад Б.

Мора да се воведат казни за ваквите плачковци

Ни здодеа веќе да ги објавуваме овие „Fallon d’Floor“ пациенти. Секое коло ги има и никој не ги санкционира како што треба. Да бидеме реални, малку е жолт картон. Плус лош пример се за младите фудбалери, а овој е плус и млад. Се вика Исмаил Бекуча, има 20 години и игра за Хетафе. Погледнете го што работеше на дуелот против Барселона. И Ханси Флик беше револтиран и креваше раце. Нека за запише во Театар за деца и младинци.

Линиски судија со пиштол судеше натпревар

Во Јужна Африка очигледно важат други правила во фудбалот. Судијава мртов ладен во едната рака држеше знаменце, а во другата пиштол. Мора да има ова некоја позадина. Али како и да е, многу хард кор каубојски потег.

Супер прецизна проценка за офсајд

Туниски фудбал, ќорав линиски судија, кој подобро нека да си ја гледа оценката од судењето. Слободен е следен викенд.

Дански коментатор: „Ако ова се повтори, ИХФ треба да затвори врати за македонски навивачи“

Натпреварот од 2. коло во групна фаза на Светското првенство меѓу Холандија и Македонија донесе многу критики за македонската публика од скандинавските коментатори и аналитичари.

Јувентус го изрутинира Милан

На Јувентус му беа доволни само пет минути, од 59-та до 64-та преку Самуел Ембангула и Тимоти Веа да го победи Милан 2-0. Во еден од најслабите и најдосадни дерби натпревари меѓу Јуве и Милан во последните децении, бјанконерите конечно ставија крај на серијата нерешени средби во Серија А и освоија три бода.

Кансело, само за тебе во фармерки

Тој десно е Португалецот Жоао Кансело. Таа лево е царица со топка.

Не бе, грам памет нема овој

Да, ќе го плукаме кога се однесува малоумно, а ќе го величаме кога крши кичми. Што не е јасно?

Халанд со видео им се обрати на одбранбените фудбалери

Норвешкиот напаѓач од Манчестер Сити Ерлинг Халанд денеска потпиша досега невиден договор во траење од 9 ипол години и без излезни клаузули. Со тоа тој е рекордер по должина на договор со премиерлигаш. Халанд ќе заработи преку 250 милиони фунти за овој договор. Во меѓувреме при потписот снимил видео-порака до сите одбранбени фудбалери, штопери и бекови во Премиер лига.

Крамариќ се отвори пред камера

Хофенхајм загуби 5:0 од Баерн Минхен и се наоѓа на 16-та позиција со само три победи по 17 кола. Од 23 ноември се немаат израдувано на триумф. Хрватскиот репрезентативец, Андреј Крамариќ кој една деценија е дел од бундеслигашот, му дојде преку дур.

Казна него што?

Манчестер Јунајтед по којзнае кој пат игра чудна сезона. Синоќа против Саутемптон губеа до 82-ра минута 0-1 а потоа во десетина минути младиот центарфор Амад Диало постигна хет-трик и со три гола направи чудесен пресврт. При еден од неговите голови, во прослава се подзаборави Џошуа Зиркзе па сега го чека сигурна казна од Премиер лига.