Лион синоќа загуби 2:1 на гостувањето против Монпеље во 3. коло од француското првенство, а во центарот на вниманието е бисерот Рајан Черки. Ова дете дефинитивно се двои од другите таленти и само прашање на време е кој гигант ќе му извади на Лион понуда на која нема да одолее.
Од каде ли го извади ова додавање против тројца играчи кога зборуваме за дете кое минатиот месец наполни само 17 години?
Инаку Черки е дел од Лион уште од 2010-та кога имал 7 години и се смета за еден од најперспективните играчи кои некогаш биде дел од нивната школа.
Деби голот за сениорскиот тим го постигна на 4 јануари годинава во куп натпревар и стана најмлад стрелец во Лион со само 16 години и 140 дена.
Руди Гарсија не беше будала што повторно му даде шанса во прв тим уште на следниот меч. Лион тогаш го совлада Нант со 4:3, а малиот беше брилијантен со 2 гола, 2 асистенции и плус лудачки дриблинг против тројца на кој на коментаторите им се фати јазикот. Едниот од тројцата трева пасеше.
Инаку Рајан Черки според потеклото можеше да избере да игра за Алжир или Италија, но тој сепак се реши да ја претставува родната земја Франција за која веќе има два настапи за У-18.