Седум глупави изјави на Сеп Блатер

Контроверзниот Швајцарец кој реши да се повлече од ФИФА само еден ден по победата на изборите, кажа многу бисери откако седна на претседателската фотеља во 1998-ма. На пример во фудбалот почнаа да му сметаат нерешените резултати.

Коментар за аферата на Џон Тери со поранешната жена на Вејн Бриџ.

“Слушајте ова има посебен пристап во англо-саксонските земји. Ако се случеше да речеме во латинските земји, тогаш мислам дека ќе беше поздравен“

Кога Кристијано Роналдо си замина од Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека во фудбалот има премногу модерно ропство во продажбата на играчите тука или таму и ставање некаде“

Секогаш размислуваше како да ја подобри играта, како на пример како да се ослободиме од нерешени резултати.

„На секој меч треба да има победник. Кога играте карти или некоја друга игра, секогаш има победник и губитник. Треба да имаме храброст да воведеме такво нешто и во фудбалот“.

Размислуваше и за поголеми цели.

„Чуварите на правилата се пред договор да ги продолжат головите колку дијаметарот на две топки, тоа е околу 50 см, а пречката да биде повисока колку дијаметар на еден гол“.

Даде предлог и за женскиот фудбал.

„Да ги оставиме жените да играат во поженска облека, како што е во одбојката. Можат на пример да носат потесни шорцеви. Фудбалерките се убави, извинете што ќе го кажам ова, но тие имаат различни правила за разлика од мажите, како на пример тоа што играат со полесна топка. Одлуката беше донесена за да се создаде поголема женска естетика, па зошто да не го прават тоа како мода“?

Блатер знаеше како да се справи и со многу тешки прашања, како на пример кога да им даде совети на геј фановите кои ќе патуваат на Мундијалот во Катар 2022, каде хомосексуалноста е забранета.

„Јас би рекол дека треба да се воздржат од било какви сексуални активности“.

Исто така имаше и едноставни решенија за справување со расистички обвинувања.

„Тој треба да каже дека ова е игра. Ние сме во игра, и на крајот од играта си подаваме раце и тоа може да се случи, бидејќи ние работевме многу напорно против расизмот и дискриминацијата“.

4 јуни 2015 - 13:18