Откако го осудија во Хрватска за затајување данок, Мамиќ избега во Меѓугорје (БиХ) од каде го води Динамо Загреб. По големиот успех во Лига Европа, Здравко го пофали и брат му Зоран кој од клупата ја води екипата:
„Крив сум што со соработниците го создадов овој систем наречен Динамо, кој го сомле Феенорд среде Ротердам
Крив сум што поставив темели на тим, на кој во Лига Европа сезонава никој не му даде гол.
Крив сум што секој ден работиме на подобрување на условите во кои се брусат нови светски дијаманти.
Крив сум што го наговорив брат ми да се жртвува и да ја преземе улогата на тренер во Динамо под невиден притисок.
Крив сум што уште еднаш покажа каква тренерска величина е.
Крив сум што после летните медиумски натписи дека во Динамо трае распродажба, оваа есен ги играме најубедливите европски фудбалски мечеви во новата историја
Крив сум што го влечеме хрватскиот фудбал и коефициентот како брз воз.
Простете и уживајте динамовци и динамовки, отворете си го најубавото вино и славете, наздравете за сјајните дечки, за тренерот, стручниот штаб – тие заслужија! Им честитам на сите, зашто овој успех немаше да биде и без нив – од тетките чистачки, куварите, работниците на одржувањето на терените, стадионот, портирите, економите, тренерите во фудбалчската школа, обезбедувањето, вработените во управата, стручниот штаб, фудбалерите. Овој успех е само ваш“, пиша Мамиќ на својот Фејсбук профил.
🥂 Kriv sam što sam sa suradnicima stvorio stroj zvan GNK Dinamo koji je večeras samljeo europskog velikana Feyenoord...
Posted by Zdravko Mamić on Thursday, 3 December 2020