Реал ја скроти Аталанта, ПСЖ и Баерн Минхен рутински

Во првата вечер од 6. коло во Лига на шампиони, Интер за првпат прими гол сезонава и тоа во судиско продолжение кај Баер Леверкузен и изгуби минимално. Реал Мадрид успеа да го преброди Бергамо, а ПСЖ покажа дека уште има што да каже до крајот. Бојан Миовски го пропушти мечот Жирона - Ливерпул поради повреда, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми ремизираа со Селтик.

Килијан Мбапе го отвори мечот Аталанта - Реал Мадрид со гол на асистенција на Брахим Дијаз но веќе во 36' минута се повреди и мораше да излезе од игра.

Во негово отсуство надоместија Џуд Белингем и Винисиус кои го водеа „кралскиот клуб“ до злато вредни три бода во Лига на шампиони.

Ливерпул игра фантастична сезона досега и после 6 кола во Лига на шампиони има 6 победи и со 18 бода веќе сигурно е учесник во следната фаза. Црвените мелат на сите фронтови под водство на новиот тренер Арне Слот.

РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6. КОЛО:

ДИНАМО ЗАГРЕБ - СЕЛТИК 0-0
ЖИРОНА - ЛИВЕРПУЛ 0-1 (0-0)


АТАЛАНТА - РЕАЛ МАДРИД 2-3 (1-1)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - ИНТЕР 1-0 (0-0)

БРЕСТ - ПСВ 1-0 (1-0)
КЛУБ БРИЖ - СПОРТИНГ 2-1 (1-1)


РБ ЛАЈПЦИГ - АСТОН ВИЛА 2-3 (1-1)

РБ САЛЦБУРГ - ПСЖ 0-3 (0-1)

ШАХТАР ДОЊЕЦК - БАЕРН МИНХЕН 1-5 (1-2)

Standings provided by Sofascore
10 декември 2024 - 23:01