Писмо на читател со фризури на фудбалери

Читателот нè потсети на некои постари слики со фудбалери од не многу одамна, кои беа скарани, а дел од нив сè уште не прават муабет со својот фризер. Им дал и опис.

Бакари Сања

Дали можеби играчот на Арсенал се надева дека со оваа фризура ќе им го одвлече вниманието на противничките играчи?

Мануел Цанге

Неговото чело е дел од косата или пак се тоа некои црви кои фудбалерот за жал не успеал да ги види?

Жервињо

Играчот на Арсенал одбива да ја смени својата фризура се додека активно настапува, што за неутралните фанови значи уште долго уживање во неговата ексцентрична фризура.

Лејтон Бејнс 

Левиот бек на Евертон повеќе наликува како фронтмен на некоја рок група од 60-тите и 70- тите отколку како професионален играч. Засега сè уште не постојат податоци кога за последен пат има посетено некој фризерски салон.

Марио Балотели 

Неверојатниот и секогаш непредвидливот Италијанец и покрај големиот репертоар на неговите фризури, се одлучивме за оваа цик цак фризура со мохаве додаток на средината. 

Хозе Луис Перлаза

Еквадорски интернационалец кој што изгледа како штотуку да побегнал од некој берберски салон.

Пинто

Резервниот голман на Барселона повеќе време минува на одржувањето на својот имиџ отколку на фудбалкиот терен.

Раул Меирелеш

За бившиот фудбалер на Ливерпул и Челзи многумина би се согласиле дека изгледа како член на некоја банда отколку на професионален фудбалер.

Хавиер Пинола

Активен фудбалер кој што настапува во Бундес лигата за екипата на Нирбернг и кој поради големиот број на тренинзи не е во можност да посети стручно лице кое би се погрижило за неговиот проблем кој е повеќе од очигледен.

Сандро

Фудбалерот на Тотенхем уште како мал покажувал наклонетост и дарба кон ликовни бои. 

16 март 2016 - 11:49